А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Рочиштето за „Топлик“ одложено за 2. ноември

by А1он22/10/2018 - 12:2522/10/2018 - 15:40245
Share0

Отсуството на адвокатот Часлав Станоевиќ на обвинетиот Томе Ѓурчилов го одложи денешното рочиште за предметот „Топлик“ за 2 ноември.

Добивај вести на вибер

Станоевиќ, како што беше речено на судењето, бил опериран пред неколку дена и поради тоа не можел да присуствува на рочиштето.

Судијата Осман Шабани побара да му се достави медицинска документација за Станоевиќ во рок од три дена, а доколку тоа не биде сторено на Ѓурчилов ќе му биде определен адвокат по службена должност.

На денешното рочиште исказ требаше да даваат сведоците Емилија Путилин, Малинка Матевска, Лиле Начева и Василка Поп Ѓорѓиева.

Сведокот Мирко Андовски не беше дојден во Судот, иако уредно бил поканет, поради што судијата Шабани нареди негово приведување за наредното рочиште.

Во случајот „Топлик“ на Специјалното јавно обвинителство, првоосомничен е ексминистерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град“ во Сопиште и уште пет други лица.

Според обвинението на СЈО, првоосомничениот Јанакиески, како раководно лице во Министерството за транспорт и врски, спротивно на Законот за јавни набавки составил Комисија за јавни наддавања на која и наложил да избере понудувач за купување и располагање со државно земјиште за изградба на елитниот комплекс „Сончев град“ во Сопиште, иако фирмата не ги исполнувала условите за тоа.

Од доказите, според СЈО, произлегува дека поради раскинувањето на договорот по вина на Министерството, тоа се обврзало во износ од еден милион евра да му исплати долг и затезна камата на правното лице „Сан сити“.

Според обвинението Јанакиески и другите петмина обвинети го оштетиле државниот Буџет за 64.206.839 денари односно за милион и 44.000 евра.

sjotoplik

Би можело да ве интересира

Апелација и изменетиот Кривичен законик го урнаа „Топлик“: Предметот застарува за сите обвинети

Александар Тодески18/10/2023 - 11:21

Апелација ја укина првостепената пресуда за „Tоплик- Сончев град“ и предметот го врати на повторно постапување

Горан Наумовски17/10/2023 - 15:4417/10/2023 - 16:22

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески13/09/2023 - 10:4013/09/2023 - 11:04

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски16/02/2023 - 08:2216/02/2023 - 10:28

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов12/05/2022 - 19:1413/05/2022 - 10:51

ВИДЕО: Плаќање затезна камата не е кривично дело, во „Топлик“ е штета и без неа немаше да постои предметот

Кристијан Ландов05/04/2022 - 16:3405/04/2022 - 17:45
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен