ВИДЕО: Рочиштето за „Монструм“ одложено за 15 мај

Од:

Рочиштето за случајот „Монструм“ прво откако го презеде СЈО, денеска на самиот почеток веднаш беше прекинато и одложено за 15 мај, поради отсуство на обвинетиот Фејзи Азири кој бил хоспитализиран на пулмологија.

Обвинителката Фатиме Фетаи реагираше поради одложувањето на рочиштето. Според неа, несериозно е отсуството на обвинетиот да се правда само со еден документ дека е во болница. Судијата рече дека ќе побара целосна болничка документација за Азири.

Во Кривичниот суд денеска требаше да се одржи првото рочиште против обвинетите за петкратното убиство кај Смилковското езеро во Скопје на 12 април 2012 година, откако предметот го презеде СЈО.

Во судот денеска дојдоа обвинителите Фатиме Фетаи, Ленче Ристовска и Гаврил Бубевски, како и сите обвинети, освен хоспитализираниот Азири и Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се недостапни за судот. Присутни се и родителите на убиените деца кај Смилковското езеро.

Кога СЈО го презеде случајот минатиот месец специјалната јавна обвинителка Катица Јанева рече дека очекува судскиот процес да продолжи во фаза во која бил прекинат и оти се подготвени да го презентираат предметот пред судот.

Масакрот кај Смилковското Езеро се случи на 12 април 2012 година, на Велики четврток, пред големиот христијански празник Велигден, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски.

За петкратното убиство беше отворен предмет „Монструм“, а на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ и Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември лани ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. За судот се уште недостапни се Алил Демири и Африм Исмаиловиќ по кои се распишани меѓународни потерници.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов