Ризаов: Sвездените мигови на Груевски

Од:

Никола Груевски ќе падне оној ден кога граѓаните ќе го совладаат стравот и ќе му порачаат програма за подобар живот, пишува Ерол Ризаов во колумна во „Утрински весник“.

„Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, ги живее своите sвездени мигови. По седум години поминати непрекинато на чело на Владата, влегува во зенитот на славата. Каде и да се завртите, ве sирка со насмевка Груевски. Тоа е врвот на популарноста.

– Груевски и неговата политика се главниот тренд во Македонија. Која е тајната на владеењето на Груевски, на неговата популарност и сите негови изборни победи. Нема ништо мистично и непознато во освојувањето на власта и начинот на владеење. Тоа е еден супeрмаркет од каде што постојано излегуваат убаво спакувани бесплатни производи кои јавноста ги голта. Генерален менаџер на овој политички драгстор што израсна во американски мол кој работи нонстоп сите овие седум години е Никола Груевски“, пишува Ризаов.

Никола Груевски, пишува Ризаов, по 2008 година воведе технократско и авторитативно владеење многу поблиску до режим отколку до нивото на рудиментирана демократија во нашето соседство, а да не зборуваме за Европа. Од добар и коректен однос кон медиумите и новинарите, Груевски воведе стравовлада, коруптивна рекламна кампања, која уништи многу професионални медиуми. На Груевски не му пречи апологетското новинарство, да ужива во своите медиумски нарачани успеси.

„Кога ќе падне Груевски, односно неговата политика. Тоа е речиси невозможно без демократизација на Македонија и без примена на европските стандарди во политиката, економијата и образованието. Второто големо разочарување од Груевски е во бегството од Европа. Криењето зад името и недостигот од демократски капацитет, владеењето на бранот на национализмот се главните одлики на изминатите седум, а најверојатно и следните две години.

– Оној ден кога македонските граѓани ќе можат слободно да им ги испорачаат на политичките елити своите побарувања за повисок стандард, поквалитетен и побезбеден живот, кога ќе биде императив европеизацијата на Македонија и слободата, ќе паѓаат како крушки сите влади кои не ќе можат да го испорачаат тоа. Тогаш ќе прогледаме и веројатно ќе ги видиме дрвата кои сега не се гледаат од големата прашума на празни успеси“, пишува Ерол Ризаов во колумна за Утрински весник.

Целата колумна можете да ја прочитате ОВДЕ!

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска