Ристовски: Владата ќе направи се’ институционално да ги реши случаите на политички прогон

Од:

Владата ќе ги направи се низ постојните законски решенија и закони да ги направи достапни сите докази што ќе се користат за реотварање на постапките за случаите на политички прогон, изјави заменик министерот за правда Оливер Ристовски на денешната конференција „Како до правдата“.

– Сите сме свесни што се случуваше во изминатите 10 години во Република Македонија. Голем притисок врз судството и врз јавното обвинителство, придонесе денеска да сме тука. Сето ова беше констатирано во сите извештаи на меѓународната заедница, изјави Ристовски.

Посочи дека Министерството за правда се раководи од сите релевантни извештаи, дека изработило национална стратегија за реформи во правосудството и ќе настојува за темелна реконструкција на правосудниот систем.

– Можеби однадвор изгледа дека тоа оди споро, меѓутоа многу е тешко во еден краток период од неполни десет месеци да се врати во нормала нешто што се урнисувало 12 години, изјави Ристовски.

Пратеникот Павле Богоевски, на отворањето на конференцијата, рече дека во Македонија судството ужива рекордно високо ниво на недоверба.

– Ако системот не е направен да обезбеди и гарантира еднаква правда за сите, тој систем мора целосно да се реформира, истакна Богоевски.

Слободан Богоевски, почесен претседател на Комитетот за заштита на правата, посочи дека не смее никогаш да се дозволи МВР да биде штаб на политичка партија, а пресудите да се носат однапред во кабинетот на шефот на тајната полиција, ако сакаме нормална држава и Македонија да се интегрира во западниот свет.

– Во „груевизмот“ илјадници луѓе ги изгубија своите права и илјадници семејства беа растурени. Двајца луѓе покажаа невидена храброст да ги стават својата позиција и животот под огромен ризики и преземат чекор за јавноста да дознае што навистина се случува во општеството. Еден од нив, кој е дел од овој комитет, е Ѓорѓи Лазаревски, изјави Богоевски.

Посочи дека Владата нема причина да го понесе товарот на претходниот режим и не смее да го заборави прашањето на жртвите на претходниот режим.

Слаѓана Тасева, од „Транспаренси интернешнл“, посочи дека е за восхит смиреноста и определбата на сите луѓе кои биле во голема мера обесправени во судските постапки, ова да се прави по институционален пат, онака како што прилега на една правна држава во која ќе владее правото.

Конференцијата „Како до правдата“ е во организација на Комитетот за заштита на правата, во кое членуваат претставници на сите поголеми полициско монтирани и мотивирани судски случаи.

Би можело да ве интересира

Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Орце Костов

Лога: Очекувам брза екстрадиција, списите денеска ќе ги пратиме по електронска пошта и преку амбасадата

Александар Тодески

Обвинителството реагира до Лога: Дел од забелешките за Извештајот се неточни, Јовески е спремен да одговори согласно закон

Александар Тодески

Министерство за правда: Законот за амнестија нема да се носи со европско знаменце

Горан Наумовски

Министерството за правда ќе врши надзор над системот за електронска распределба на предметите во јавните обвинителства

Нова амнестија: На слобода сите осудени на затвор до шест месеци, ВМРО ќе го блокира Законот

Орце Костов