Претседателот може да помилува само осудени, не и кривично гонети: Предлог законот за помилување во Собрание

Од:

Предлог законот за помилување според помилување може да има само доколку е донесена правосилна судска пресуда ќе се најде денеска на седница на Собранието.

Со новиот Закон за помилување кој е предложен од Министерството за правда претседателот на државата може да даде помилување само за казна, а не и за кривично гонење на определени лица.

„При изготвувањето на законот беа разгледани повеќе компаративни искуства како што се решенијата содржани во правните системи во државите членки на Европската унија и од оние држави со кои имаме слични правни системи.

Причините за донесување на Законот за помилување, произлегуваат од недостатоците и правните празнини во постојниот закон кои беа лоцирани во неговата практична примена, како и од потребата за попрецизно нормирање на одредени прашања регулирани со Предлогот.

Она што е важно е што во него има прецизни рокови и докрај се прецизаат ингеренциите на сите засегнати страни кои учествуваат во процесот.

Меѓу другото, се врши и терминолошко усогласување на одделни називи и поими, oдносно, со овој Предлог на закон за помилување се уредуваат поимот и видовите на помилување, дејството на помилувањето, лицата овластени за поднесување молба за помилување, како и постапката и актите на надлежните органи во врска со помилувањето“, велат од Министерството за правда.

Би можело да ве интересира

Филков: Предлог-законот за конфискација на имот во граѓанска постапка е клучен чекор во борбата против криминалот и корупцијата

Горан Наумовски

Министерство за правда: За Груевски досега е поднесено едно барање за екстрадиција во 2018 година

Европските искуства предупредуваат: рестрикциите го поттикнуваат црниот пазар на никотински производи

СДСМ: Заедно со граѓаните и со опозициските политички партии отвораме фронт за правда

Лукашенко одобри помилување на 31 украински државјанин

А1он

Трамп повторно го помилува Ден Вилсон, учесник во немирите во Капитол во 2021 година