Ристовски: Есктерното тестирање заврши успешно и ја постигна целта

Од:

Целта на екстерното тестирање е постигната. Процентот на отстапки од планираното е релативно мал, што ни дава за право да го оквалификуваме процесот како успешен. Очекувам дека од следната учебна година овој процес ќе стане рутински во сите училишта и за сите засегнати страни, оцени министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

Тој денеска на прес-конференција, придружуван од заменикот, државниот секретар и од директорите на органите на МОН, им се заблагодари на сите учесници во спроведувањето на екстерното тестирање, за кое посочи дека е реформа што ќе го зголеми квалитетот на образованието во Македонија.

– Секоја реформа која засега поголема популација наидува на различни реакции. Но, јавно ги уверувам сите оние кои од самиот почеток го поддржуваа екстерното оценување, како и оние коишто ја оспоруваат неговата имплементација, валидност и значење, дека секој проект што го спроведува Владата е за добробит на сите граѓани. Ефектите од некои од нив се видливи на краток рок, но некои ефекти се видливи подолгоорочно. Таков е и исходот од екстерното оценување за  кое сум цврсто убеден дека ќе биде стожер и основа за создавањето на европски образовен систем во Република Македонија, истакна Ристовски.

Подвлече дека сега е најважно што масовниот процес бил успешно спроведен, а дека во иднина се веројатни промени во системот за да се поправат недостатоците пријавени од училиштата.

Тестирањето на 193.176 ученици, со кое се оценува колку наставниците се објективни во вреднувањето на нивните знаења,  беше прво оваа година и се спроведе од 27 мај до  8 јуни.

Првите резултати задутре, 14 јуни, ќе ги добијат одмоодделенците зашто на 24 јуни ги очекува првото пријавување во јунскиот испитен рок за запишување во средните училишта.

Останатите ученици резултатите ќе ги добијат од 17-ти до 21 јуни. Тогаш ќе биде и втората сесија од екстерното тестирање за околу 15.000 ученици кои од оправдани причини не беа тестирани во првата сесија. Мал процент ученици или одделенија ќе бидат тестирани вторпат поради неправилности кои биле утврдени од просветните инспектори, кои во текот на процесот извршиле 320 надзори на училиштата.

Екстерното тестирање го полгаа ученици од четврто одделение до трета година средно. Тестот траеше 60 минути и содржеше 30 прашања на мајчин јазик на ученикот. Оценките што ќе ги добијат од тестирањето ќе бидат впишани во свидетелство и ќе влијааат на вкупниот успех.

Ранг-листата на наставниците според отстапките што ги имале во оценувањето ќе биде готова по неколку месеци зашто, како што рече министерот Ристовски, таа ќе се прави според разновидни параметри и ќе се анализира заедно со СОНК.

Би можело да ве интересира

(ФОТО) Екстерно тестирање: Погоди што има на црната слика

А1он

Од утре до 11 јуни екстерно за учениците

А1он

Вјолца Алији: Манипулант и профитер можел да измисли дека сум се потпишала за државен испит

А1он

ДС на Павле Трајанов: Владата да ги повлече и преработи законите за образование

А1он

МОН: За екстерното тестирање на матурантите 283 приговори, 130 прифатени

Ана Ололовска

Масовна поддршка од 17.000 потписи за петицијата екстерното тестирање да се прогласи за пробно

Ана Ололовска