Ристовски: Екстерното тестирање е успешен проект

Од:

Електронскиот дневник и ескетрното тестирање се два исклучително големи и успешни проекти, а нивното спроведување со поддршка и помош на ученици и наставници, де факто значи соработка со преку 200.000 ученици и преку 20.000 настваници, односно соодветен професионален кадар кој што учествува во нивната реализација, оцени денеска министерот за образование и наука Спиро Ристовски.

За електронскиот-дневник, подвлече дека е исклучителен проект, кој ја претставува личната карта на македонскиот образовен систем и ги носи придобивките од развојот на ИТ-технологијата.

– Јас ја разбирам на моменти и нервозата и проблемите со кои се соочуваа дел од наставниците. Но, би сакал да ги уверам дека ќе се обидам да го олеснам во целост пристапот и функционалноста на софтверот, бидејќи факт е дека имаше определени потешкотии во функционирањето последниот период. Меѓутоа, исто така, е факт и дека во овој период имаше навистина зголемено внесување на податоци од страна на наставниците, рече Ристовски на новинарско прашање на прес-конференцијата за претстојните уписи во јавните средни училишта во учебната 2013/2014 година.

Тој изрази уверување дека во соработка со наставниците, со СОНК и со останатите релевантни чинители, доколку во текот на целата година ревносно се внесуваат податоците во електронскиот дневник и на крајот од годината остане потребата само за практично финализирање на завршните оценки, во тој случај, вели, не очекува следната година да има потешкотии во однос на количината на податоци коишто се внесуваат во електронскиот дневник.

– Тоа е еден исклучително значаен проект. Практично, тоа е лична карта на целокупниот образовен систем во РМ изработена по електронски пат и како што доаѓа развојот на информатичката технологија ќе биде се повеќе и повеќе применливо и самите наставници ќе бидат среќни за имплементацијата на е-дневникот, рече министерот за образование.

Во однос на екстерното тестирање, исто така, подвлече, го смета за исклучително успешен проект, во кој учествуваа повеќе од 190 илјади ученици, реализирани беа над 380 илјади полагања и сето тоа во реализација и со поддршка на самите ученици и наставниците. Очекува до година тоа да биде уште поуспешно и пофункционално реализирано, а проблемите коишто се појавија во делот на техничката поддршка во определни училишта, да бидат корегирани.

– За полагањето одржано на 20 јуни, јас го најавив по крајот на првата сесија и се однесуваше исклучиво само во интерес на учениците, бидејќи за некои проблеми со кои се соочија при првото полагање не беа виновни самите ученици, а нашата цел и интенција како ресорно Министерство е ниеден ученик да не биде оштетен. Токму затоа им дадовме дополнителна можност на учениците кои не по своја вина имале некаков проблем во првото полагање, рече на новинарско прашање министерот Ристовски.

Би можело да ве интересира

МОН: Поради голем интерес до 25 декември може да се аплицира за финансиска поддршка за учениците

Осум важни достигнувања за осум години: Иновации на Бреинстер што го менуваат образованието

Горан Наумовски

Септемвриските плати во основното и средното образование ќе бидат повисоки за 15 oтсто

МОН ветува – ниту еден наставник нема да биде отпуштен, ниту ќе добива помала плата

А1он

Егзодус во Прилеп: 300 деца отпишани од училиште за шест месеци поради селење во странство

Катерина Ѓуровски

Усписите на ученици во средно образование во две пријавувања во јуни

Ана Ололовска