(ВИДЕО) Ристоска: Никој нема да не спречи да ги одземеме украдените пари, аболицијата ја отфрламе

Од:

Обвинителката Ленче Ристовска, на прес конференција на која присуствуваа како поддршка странските амбасадори од земјите на ЕУ, упати прашање од каде Ѓорге Иванов знаел и имал податоци за кои лица се водат постапки за да ги аболицира, освен за оние кои беа јавно посочени на прес конференциите на СЈО. Ристоска кажа и дека обвинителството продолжува со работа и има намера сите украдени пари да ги одзема од осомничените, вклучувајќи ги и дел од лицата кои Иванов ги аболицира.

-Претседателот Иванов наведе дека не ја донел одлуката раководејќи се од тоа кој на која политичка опцоја и припаѓа, дека ниедно лице не побарало аболиција и дека никого не консултирал за аболицијата.

Ние потврдуваме дека нас не не консултирал и не сме му дале никакви податоци за лица кои се јавно објавени како и за лица за кои има предистражни постапки. За неговата одлука дознавме од прес конференцијата. Ве известуваме дека се работи за многубројни одлуки за кои е потребна дополнителна анализа. Се работи за тоа колкав дел од податоците со кои претседателот располагал биле јавни, а колкав дел биле доверливи податоци, кои произлегуваат од предистражни постапки.

Ние не можеме да ја коментираме листата на лица кои Иванов ги аболираше, освен за оние кои се јавно објавени дека се води предистражна постапка. Кога ќе завршиме со анализата ќе собереме докази од чија страна се објавени доверливи информации за што се сноси сооодветна одговорност, рече Ристоска.

Кога зборуваме за аболираните лица точно е дека беа аболирани јавни обвинители од ова јавно обвинителсто, и во име на сите да соопштам дека не ги прифаќаат овие аболиции, тоа претставува грубо кршење на правата на обвинителите со ставање во ист кош со лица за кои имаме докази за сторени кривични дела. Аболициите не се прифаќаат и со тоа што се аболирани, се влијае на нивната чест и углед, рече обвинителката Ристоска.

За грижата што ќе работиме по аболицијата, не постои протор за грижа, продолжуваме со работата и ќе се истражуваат дела за лица кои не се опфатени со аболицијата. Согласно кривичниот законик никој не може да ја задржи имотната корист стекната со кривично дело, па дури и да се аболицирани, рече Ристоска.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска

Разрешен поротникот Сандев, четири предмети од СЈО ќе почнат од почеток

Кристијан Ландов