Ристоска: Очекуваме на следното рочиште конечно да заврши расправата

Од:

Oбвинителката Ленче Ристоска по завршување на денешната главна расправа, пред новинарите изјави дека доставиле дополнение на доказите. Очекува дека на следното рочиште конечно да заврши расправата. Ристоска на новинарско прашање одговори дека барале да ги дознаат мотивите зошто една од обвинетите пред СЈО како сведок во предистражната постапка дала еден исказ и друг пред судот. Исказите на сведоците се на линија на обвинението, рече Ристоска.

„Беше оспорена надлежноста на ова обвинителство, дека овој предмет треба да го работи редовното јавно обвинителство. За да докажеме дека е уништена документација која што поврзна со системите за следење на комуникациите, прелдоживме да бидат изведени како доказ токму договорите за набавка на тие системи, кои што оригинали се наоѓаат во предметот „Таргет Тврдина“, рече Ристоска. Отсуството на сведокот Никола Бошковски, според обвинителката нема да менува многу во постапката, бидејќи од денешните сведочења на останатите сведоци се потврдува дека тој сведок бил присутен при уништувањето на документацијата на УБК.

Би можело да ве интересира

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Ленче Ристовска пак извиси, Советот на обвинители повеќе му верува на Артан Ајро кој доби кривична за случајот со Сеад Кочан

A1on

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов

Не се загрозува ниту еден предмет покренат од СЈО со враќањето на повторно одлучување, вели Заев

Ана Ололовска