Ристоска на последниот работен ден на СЈО: Горчлив е вкусот на разделбата и сите неостварени планови

Од:

Обвинителката и портпаролка на специјалното јавно обвинителство, Ленче Ристоска, синоќа на социјалните мрежи, по повод последниот рaботен ден на СЈО, моментот го опиша како горчиво сладок.

„Горчлив е вкусот на разделбата и сите неостварени планови, но слатки се спомените за заеднички совладаните предизвици и споделената енергија. Денес се поздравивме со колегите од стручната и од административно-техничката служба и со истражителите. На вработените во СЈО денес им е последен работен ден и овие луѓе од денес остануваат без работа! Денес мојот стручен соработник ми вели: „Тажно е обвинителке, ко средна школа кога завршуваш, четири години сме заедно, што сè не делевме, имаше периоди кога почесто бев на работа од дома“. И така беше…

За мене СЈО беше симбол за борба за идеали, за правда, интегритет, подобра иднина, борба против злоупотреби на системот, на послабите, на зависните, борба против неказнивост. Начинот на кој згасна СЈО, начинот на кој никој не најде храброст изречно да каже дека се укинува институцијата, мислам дека не заслужува коментар, затоа што борбата за правда е вистинска само кога е плод на внатрешен порив за одговорност, првенствено лична, па потоа на сите кои грешеле пред законите, порив за нетолеранција на неказнивост, порив за принципелно и однесување со интегритет“, напиша Ристоска.

Би можело да ве интересира

Поранешни вработени во СЈО бараат извинување од Пендаровски за говорот по повод Илинден

А1он

СЈО замина во историјата, предметите во рацете на Јавното обвинителство за организиран криминал

Ана Ололовска

Фетаи: Новиот закон за ЈО им дава можност на обвинителите да се справат со криминалот

Ана Ололовска

Дескоска: СЈО згасна, но не и предметите кои ги отвори

Ана Ололовска

Обвинителство тврди дека на Јанева не и биле ускратени права, иако таа се соблече во знак на протест

Кристијан Ландов

Адвокатот на Јанева: Таа била уплашена и противзаконски спроведена, не и било дозволено да повика ниту адвокат

Кристијан Ландов