Обвинителката Ленче Ристоска посочи дека меѓу прислушуваните новинари, политичари и бизнисмени го нема името на Никола Груевски.
– Според податоците со кои располагаме , неговиот телефонски број не бил таргет, посочи Ристоска но кажа дека долго биле прислушувани од УБК сите политичари, вклучитечно и тие од власта.
Гордана Јанкуловска била прислушувана 732 дена, Миле Јанакиески 732 дена на едниот број , 553 дена на вториот телефон, 816 денови на третиот телефон. Али Ахмети бил прислушуван 338 денови, и 867 денови на вториот телефонски број.
Мендух Тачи и на двата телефонски броеви бил прислушуван по 1257 денови, а Љубе Бошкоски само на едниот телефонски број 320 дена. На сите им биле следени комуникациите без судска наредба, рече Ристоска.