Рестартиран „Југохром“ со вклучување две печки

Од:

Фабриката „Југохром“ од Јегуновце денеска го рестартираше своето производство со вклучување на две печки, информираше генералниот директор на „Југохром“ Васко Скендеровски.

Тој посочи дека согласно нивната одлука донесена кон крајот на декември „Југохром“ привремено ја стопираше својата работа за време на јануари и февруари со цел да го даде својот придонес во намалувањето на загадувањето на воздухот.

– Се докажа нашето тврдење дека „Југохром“ не е единиствениот, а уште повеќе најголемиот загадувач на воздухот во регионот така што по изминување на двата месеци го рестартиравме производството со вклучување на две печки со вкупна моќност од 25 мегавати. Постепено ќе продолжиме и со враќање на работниците на работа и сегашната бројка изнесува на 400 работници. Се планира и враќање на другите работници откако ќе следи вклучување и на другите печки и достигнување на максимално дозволената моќност од 50 мегавати изјави Скендеровски.

Тој рече дека паралено и со рестартирањето ќе се продолжи и со поставувањето на системот за отпрашување.

– Во завршна фаза е добивањето на дозволата за градба, веќе е избрана и фирмата изведувач на градежните работи иу до министерството за животна средина и просторно планирање испратен е термин планот така што очекувам дека ќе го запазиме рокот за поставување на системот за отпрашување до 31 октомври 2016-та година, рече Скендеровски.

Би можело да ве интересира

ИКС: Да зборуваме повеќе за животната средина во време на растечка еколошка криза

Стојковски: Несовесни граѓани во моментот се главните причинители за загадување на воздухот

Државата е еден од најголемите загадувачи: Над 700 институции користат греење со кое го трујат воздухот, најголем дел се во училишта и градинки

Орце Костов

СДСМ: Градоначалниците на ДПМНЕ не преземаат ништо против загадениот воздух во Скопје,

Катерина Ѓуровски

Шукова: Граѓаните да користат суво дрво, 45 отсто од загадувањето доаѓа од домаќинствата

Орце Костов

Воздухот енормно загаден, а пратениците одбиваат амандмани за Буџетот со кои ќе се намали аерозагадувањето

Орце Костов