Република Македонија не е ничиј „воен плен“

Од:

Република Македонија не е ничиј „воен плен“

Сегашнава ненародна власт се потпира и смета на луѓе кои и даваат за право на власта да ја третираат Република Македонија (мојата Татковина) како „воен плен“ стекнат при победа на избори.
Дел од граѓаните (гласачите) ја подржуваат оваа власт (режим) од чисто лукративни причини (користољубие). И, тоа е во ред, тука нема лутење, бидејќи секој има право да избере политичка опција, што му одговара и најпосле, му носи корист. Затоа, и постојат избори.
Она што е страшно во Македонија, е тоа што, поголемиот дел од подржувачите на режимот и злото, тоа го прават од ЧИСТ ИНАЕТ. На овие луѓе можете да им дадете ДОКАЗИ дека состојбата е лоша, дека економијата тоне, дека сиромаштијата расте, дека школството и здравството се распаѓаат, дека невработеноста е страотна, дека младите, паметни, образовани и работоспособни луѓе масовно се иселуваат од земјава, дека судството е хорор, дека нема основни човечки слободи, итн. итн. и ќе добиете само еден, и секогаш ист одговор, НЕ Е ТАКА, НЕ Е ТОЧНО.
ВО ВРЕМЕТО НА СДСМ, ПОДОБРО ДА НЕ БЕШЕ? И, толку. Нема размислување и анализа на сотојбите. Барем обид да има. Ништо.
Првиот вид на подржувачи се помалку и не се проблем, ако не заради друго, тогаш, барем заради тоа што заради користољубие, лесно ја менуваат страната. Овие, вториве подржувачи се вистинскиот проблем за државава и демократијата. Додека дел од нив (сите е неможно), не почнат самите да размислуваат и да ја анализираат состојбата во која се наоѓаат, односно, се наоѓаме на Македонија и’ нема помош. САМО МИСЛОВНИ ЛУЃЕ МОЖАТ ДА НАПРАВАТ И ДА СОЧУВААТ СВОЈА, СОПСТВЕНА ДРЖАВА. ДРУГИТЕ НЕМААТ ПРАВО НА ТОА.

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска