Републичката пензионерска олимпијада на 2 септември во Кочани

Од:

Годинашната 22. Републичка пензионерска олимпијада на која ќе учествуваат 500-тина пензионери-спортисти од 40 пензионерски здруженија на Македонија ќе се одржи на 2 септември во Кочани. Натпреварите во 11 спортски дисциплини ќе бидат реализирани на Градскиот стадион „Никола Мантов“ во Кочани.

Ова беше истакнато на денешната прес-конференција што Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија (СЗПМ) ја одржа во Кочани.

– Над 500-тина пензионери-спортисти, кои обезбедија свое учество во 11 спортски дисциплини за Републичката олимпијада се пласираа од осумте региони кои во мај и јуни се одржаа во исто толку градови во државата. Очекуваме успешни спортски резултати на сите учесници, изјави Салтир Каровски, потпретседател на СЗПМ.

Домаќин на Олимпијадата е Здружението на пензионери од Кочани, кое ги обезбеди сите услови за непречено одвивање на спортските натпревари. Покровител на оваа најмасовна спортска манифестација на пензионерите од Македонија е Министерството за труд и социјална политика и министерката Мила Царовска.

Би можело да ве интересира

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Пензионерка остана без 17.000 евра – наседна на лажно ветување за заработка од криптовалути

А1он