„Во 2012-та година тогашниот министер за здравство, при набавката на ренгтен апарати во четири установи, сторил кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластувања“.
-Постои основано сомнение дека фаворизирал една од фирмите и пред официјалниот почеток на постапката дозволил да добие детални информации за набавката. Детално била скенирана состојбата во здравствените установи и изготвиле студија за набавка, која ја добил и тој на личната електронска пошта во август 2015 година.
– Рамковната спогодба била подоцна раскината откако во јавноста излезе информациија дека новинарка и мајка и го добиле тенедерот. Но наместо да ја поништи набавката, осомничениот продолжил со злоупотреба на положбата, спротивно на одредбите за јавни набавки и склучил договор со второрангираниот со што за него прибавил имотна корист од 860 илјади евра, рече обвинителката Фатиме Фетаи.