Реновирани детски игралишта во Кочани

Од:

Општина Кочани заврши со преуредувањето и поправката на реквизитите во детските игралишта во градот и населените места, кои во изминатите месеци страдаа од несовесните граѓани и нивниот вандалски однос.

– Со средства од Буџетот на општината се зафативме со преуредување, поправка и поставување на нови реквизите во детските игралишта во градот и населените места во општината. Вкупно се 15 и на истите е извршена целосна замена на скршените реквизити и поставени се нови. Оваа активност ја реализираме веќе осма година по ред пред доаѓањето на пролетта, изјави градоначаникот Ратко Димитровски.

Во акцијата за обновување на старите и поставување на нови реквизити во детските игралишта во општина Кочани со своја активност се вклучи и комуналното јавно претпријатие „Водовод“.

Според Димитровски, општината, комуналните редари и полицијата во содејство ќе делуваат за спречување на уништувањето на реквизитите во детските завабни паркови во општина Кочани.

Би можело да ве интересира

Малолетници соблекоа и снимаа 6-годишно дете во училиште во Кочани

А1он

Баран во Македонија за 12,5 години затвор, таткото на Ива Михаилова зборуваше на бугарска ТВ

Горан Наумовски

ВИДЕО:Тепачка пред полициската станица во Кочани, четворица приведени

МВР го најде во Скопје Цуната кој и избега на полицијата во Кочани преку прозорец

Катерина Ѓуровски

Судење за Пулс: Обвинителството изнесе докази за пропусти во годишните програми за надзор на ДЗС во Кочани

Во Кочани нов Марш за ангелите – „Не забораваме, не отстапуваме и продолжуваме“

А1он