Реновиран објектот на градинката „8 Март“ во Пржино

Од:

Во објектот на ЈДГ „8 Март“ лоциран во населбата Пржино извршена е комплетна промена на фасадата и надворешната столарија, а греењето се врши целосно на еколошки начин, со котел кој користи биогориво.

Во објектот, како што информираат од Општина Кисела Вода, претходно локалната самоуправа инвестираше во замена на кровот со што овој објект изграден во 1979 година доби значително подобрени енергетски услови. Со оваа реконструкција која беше извршена на површина од околу 1.270 квадратни метри беше опфатено отстранување на азбесните табли.

Од Општината најавуваат дека спроведувањето на овие мерки за енергетска ефикасност и во иднина ќе остане една од главните заложби на општина Кисела Вода, кои имаат за цел како за подобрување на условите за грижа и едукација на децата во јавните детски градинки и училиштата, така и за заштеда на енергија, но и за намалување на загадувањето на животната средина.

Минатата година во оваа градинка беа запишани 169 дечц , а оваа година градинката ќе дочека околу 190 дечиња.

Би можело да ве интересира

Во Скопје речиси 50 отсто од децата се невакцинирани со ди-те-пер

Орце Костов

Здравствениот инспекторат ќе ги контролира вакциналните потврди за градинка, министерот ги прифати препораките

Катерина Ѓуровски

Инспекторатот ќе забрани невакцинирани деца во градинките кога ќе добие одлука од министерот

Орце Костов

Училиштата и градинките ќе плаќаат за 35 отсто поевтино парно, Регулаторот ги намали сметките

Орце Костов

Во градинките лани биле згрижени 35 932 деца

Ана Ололовска

Шкријељ: Се грижиме за најмладите, инвестираме во подобри услови и нови градинки