(ВИДЕО) Ременски во одбрана на Димитров: Тој не е класичен политичар, туку визионер

Од:

Димитров прати порака дека е крај на ерата на поделбите и конфликтите, рече Фросина Ременски, на собраниската сеница на која на дневен ред е интерпелацијата за министерот за надворешни работи, Никола Димитров.

„Оваа дебата е добра да видиме дали сме излегле од роговите на патриотизмот. Улогата на министерот во градење на угледот на Македонија никој не може да се оспори. Во многу настани сме се разминувале, но имаме исти мислења. Можете да му залепите епитети, но не можете да му ја оспорите работата во кариерата“, рече Ременски.

Таа додаде дека Димитров има визионерство и знаење да затвори еден децениски проблем.

„Тој не е класичен политичар, туку познавач на проблемите, тој ги знаеше тие нарушени односи. Тој кажа вистини, ние како политичари не излегуваме од тие почитички рогови. Тој ја следи идејата и визинерството. Во 21 век не ја прифаќам поделбата на предавници и патриоти. Министерот да биде горд за сето она што го направи. Тој научи да ги надмине предрасудите и да стави крај на реториката која оди во конфликт“, рече Ременски.

Габриела Димковиќ-Мишевска

Би можело да ве интересира

СДСМ: Според ММФ, Македонија е меѓу последните европски економии според БДП по жител

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Македонија на дното, 41 место во Европа – ММФ ги разби бајките на Мицкоски за трета економија

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е спотер, а сватот на Али Ахмети акционер

(ВИДЕО) Поповиќ: Мицкоски е во паника за Алта банка – по моделот на Вучиќ сака да ја замолчи опозицијата

СДСМ: Мицкоски панично ја брани банката на Вучиќ, сака да се заташка случајот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски