Ременски: Синдикатите да бидат двигатели на промените во општеството

Од:

Министерката за труд и социјална политика, Фросина Ташевска – Ременски се обрати на првиот конгрес на Независниот академски синдикат. Таа се осврна на важноста на независното функционирање на синдикатите, времетраењето и постапката за регистрација на синдикатите кои во минатото траеле и повеќе години, како и поддршката која што Министерството за труд и социјална политика ја дава во овој период во поглед на сидникалното организирање и унапредување на работничките права.

– Навистина ми е мило што присуствувам на конгресот на Независниот академски синдикат не само поради фактот што ова е еден од гранските синдикати коишто беа регистрирани во периодот кога сум јас министер, туку поради фактот што докажавме дека не треба да поминат години за да се регистрира организација која што сака да ги подобри правата на своите членови, а притоа ги има сите потребни документи за да ја комплетира процедурата и во Министерството за труд и социјална политика и во Централниот регистар, потенцираше министерката Ременски.

Таа ја појасни процедурата во Министерството за запишување во Регистарот на синдикати и рече дека за да се направи било каква промена во Централниот регистар или за да се регистрира нов субјект (грански синдикат или нова синдикална организација или подружница) потребно е претставниците на работниците (синдикатите) да ги поднесат документите преку Министерството за труд и социјална политика да ги разгледа истите да ги провери дали се согласно со одредбите од законите (пред се со Законот за работните односи во делот на регистрацијата на синдикатите) и Статутот на правниот субјект – синдикатите и истите ги спроведува до Централниот регистар.

– Дали ќе ви биде чудно доколку ви кажам дека некои од процедурите траеле и по 2 до 3 години? Дали ќе ви биде чудно доколку ви кажам дека некои од тие процедури сеуште беа во тек на крајот на 2015 година, а биле започнати во 2011 или порано, праша Ременски.

Во случај кога има некои недоследности, за истите надлежните од Министерството комуницираат со одговорните лица во синдикатите и грешките се коригираат доколку истите се од техничка природа, а работите што не се во согласност со Законите или Статутите не се дозволуваат да се официјализираат. Овие постапки не би требало да траат долго време, односно не повеќе од 30 дена.

На крајот во своето обраќање министерката Ташевска – Ременски заклучи дека со макотрпна работа и со барање на солидарна поддршка од нивните колеги од другите грански синдикати сите заедно може дојдат до посакуваното место, а тоа е да бидат двигатели на промените во високото образование.

Би можело да ве интересира

Велковски: Буџетот на МТСП оштетен над 2,5 милиони евра

МТСП: Си заминува стручниот кадар од Центрите за социјална работа

Нема веќе предвремена исплата, пензиите како пред пандемијата

Катерина Ѓуровски

МТСП: Пензискиот фонд е стабилен, да не се креира страв кај пензионерите

МТСП: Социјалните партнери постигнаа значителен напредок во преговорите за раст на платите во јавен сектор

МТСП: Во тек е исплата на образовниот додаток за трет мерен период за учебната 2022/2023 година

Ана Ололовска