Ременски: NO PASARAN !

Од:

Професорката и потпретседател на СДСМ, Фросина Ременски, на својот ФБ профил упати пораки до граѓаните, службените лица во МВР, јавните обвинители, судиите, академската заедница, членовите и симпатизерите на власта и до сите-Македонци, Албанци, Турци, Власи, Бошњаци, Срби, Бугари, Египќани .

Еве ги пораките на Ременски:

Наместо да читаат и објавуваат соопштенија во кои владеачката партија која, злоупотребуваjќи ја власта, соли памет дека, треба да се пријави криминалот до надлежните институции (заборавајќи дека самото неовластено масовно прислушување е криминал и противуставно дејствие), би им упатила неколку пораки:

1. Граѓаните кои застанаа во одбрана на Македонија од т.н., „внатрешен непријател“ да стават прст на чело и да размислат кои вредности и кого бранат. Да почекаат уште малку (да слушнат се`) и да се воздржат од траорни, самоодбрамбени маневри и патетични историски лекции во кои самите повторуваат од кого патела и страдала Македонија и вистинските борци за слобода и правда. Во спротивно ризикуваат да станат соучесници во злосторот против својот народ и Македонија;

2. Овластените службени лица при МВР, да се потсетат на што се обврзаа кога стапија на должност и наместо да учествуваат во злобни антиопозициски заговори, да почекаат уште малку (да слушнат се`) и да размислат дали да се фаќаат за пендрек или пак да се зафатат со средување на нивниот избербатен двор. И конечно да покажат колкава е силината и тежината на нивниот пишан збор, зошто ова е време за докажување на личниот и професионалниот интегритет;

3. Јавните обвинители и судии да се потсетат на заклетвата што ја дадоа кога ветија дека секогаш ќе стојат на страната на вистината и правдата. Нека слушаат убаво и нека ислушаат се и нека не забораваат дека од сега натаму целокупната одговорност е во нивни раце. Нека не забораваат на лекциите што им ги држеше италијанското обвинителство чија девиза е „Мафијата не е непобедлива“. Нека покажат одважност, чест и одговорност кон државата и правото, зошто ако сега ја испуштат шансата никогаш повеќе нема да ја имаат за да покажат дека се јавни обвинители;

4. Академската заедница, особено стручњаците (моите колеги) од областа на безбедноста, полициските науки, кривичарите, процесуалистите, правото за човекови права и слободи, да слушнат се` и да се воздржат од коментари за наводни монтажи, лепенки, странски служби, уцени, загрозен уставен поредок и сл. Не заборавајте дека утре, во некое нормално време ќе треба да излеземе пред нови генерации млади луѓе кои ќе бидат жедни за знаење за право, слобода, безбедност, процедури, вредности;

5. Членовите и симпатизерите на партиите во владината коалиција нека се воздржат од маневрите за одбрана на нивните водачи. Нека почекаат и нека слушнат се`, за да видат кој и како манипулира со нивната лојалност и нивните национални чувства;

6. Граѓаните на Македонија кои себе си не се идентификуваат ниту како позиционери, ниту како опозиционери нека размислат, нека слушнат се` и нека не се залажуваат дека тие не се цел на злоупотребите и манипулациите. Тоа што денес се набљудувачи на т.н., „политичка битка/криза“, не значи дека нив не ги засега лицемерието и јадицата во кои згаснуваат животи, исчезнуваат надежи и предвреме запираат битките за иднината на сопствените деца. Битката за слобода, правда и демократија е заедничка за сите граѓани под ова македонско небо, без разлика на вера, етничка, политичка, социјална припадност.

Македонци, Албанци, Турци, Власи, Бошњаци, Срби, Бугари, Египќани …., ако заборавиме кои се нашите свети, заеднички вредности, тогаш сите заедно ќе отидеме по ѓаволите …

Ќе кажам – NO PASARAN !

КАЖЕТЕ И ВИЕ …

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Митрески: Досега се нема случено во историјата на Собранието, ниту еден амандман да не е прифатен

(ВИДЕО) Тренчевска: ДПМНЕ одби амандман на СДСМ за изградба на пречистителна станица за отпадни води

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски повторно демонстрира лицемерие и паника по консолидацијата на СДСМ

Мицкоски „не е импресиониран“ од новото раководство на СДСМ

Каранфилова-Пановска: Убедена сум дека ќе го вратиме угледот, поддршката и победите на СДСМ

Конгресот го избра новиот состав на Централниот одбор на СДСМ

А1он