Реконструирана улицата „Востаничка“ во Кисела Вода

Од:

Екипите на Град Скопје ја завршија реконструкцијата на ул. „Востаничка“ во Општина Кисела Вода. Оваа сообраќајница се реконструираше на потегот од ул. „Црниче“ до ул. „Свети Наум Охридски“. На делницата долга 1.100 метри се обновени коловозот и рабниците, а се реконструирани и тротоарите со замена на бекатон-плочките, онаму каде што било неопходно.

Од Град Скопје денеска соопштија дека на барање на граѓаните, на тротоарите на крстосниците на улицата „Востаничка“ ќе бидат поставени столпчиња за да се зголеми прегледноста и безбедноста на раскрсниците, за сите учесници во сообраќајот.

– Значајно е да се нагласи дека при оваа реконструкција е решен и еден горлив проблем што со години ги мачеше граѓаните од овој дел на градот – на улицата „Востаничка“ беше обновена водоводната мрежа и беа изработени нови 76 приклучоци во водоводната мрежа за да се обезбеди континуирано и квалитетно водоснабдување, истакнаа од Град Скопје.

Улицата Востаничка е продолжение на улиците „Бихаќка“ и „Црниче“ кои беа предмет на реконструкција минатата година.

Би можело да ве интересира

Случаите на Западнонилска треска повторно ги актуелизираа предупредувањата за средството за прскањето против комарци

Предраг Петровиќ

Безбедна е водата за пиење во Скопје

А1он

Отстранет e билбордот „Добредојдовте во Скопје“

Горан Наумовски

МВР: Пожарот на „Рампа“ е подметнат

Горан Наумовски

Електрична инсталација се запали во Кисела Вода, станарите во паника ја напуштија зградата

Горан Наумовски

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра, пад на пазарот на недвижности во првиот квартал