Реконструиран граничниот премин „Богородица“

Од:

Целосно реконструирана управната зграда и придружните објекти на граничниот премин „Богородица“. Проектот се реализира во рамки на Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Македонија и Република Грција 2007-2013 од Инструментот за предпристапна помош (ИПА), а е финансиран од страна на Европската унија, со финансиско учество  на Владата на Република Македонија.

Реконструкцијата, со која е извршена санација на покривот, столаријата, фасадата, како и ново поставената опрема за регулирање на сообраќајот ќе придонесе за поголема функционалност, зголемен квалитет на услугите и контролите на возилата и патниците, поголема безбедност и олеснување на минувањето на државната граница.

Преку граничниот премин годишно минуваат над 3 милиони патници во двете насоки и сообраќаат над 200.000 товарни превозни средства.

Од Царинската управа посочуваат дека во иднина, со поддршка на Европската унија и на Владата на Република Македонија, ќе реализира уште два проекта за надградба на објектите за царинење на граничните премини Табановце и Ќафасан.

На настанот присуствуваше делегација од Генералниот директорат за проширување на Европската комисија (ЕК), предводена од Дејвид Кален, како и високи претставници од делегацијата на Европска Унија во Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Бочварски од Велес: Вложивме 1,1 милион евра за подобрување на локалната патна инфраструктура во градот

Орце Костов

Заврши штрајкот на грчките цариници, од утрово нормализирано влегувањето во Грција

Дебата за полиграф за граничарите: Сите што се лојални и чесни не треба да стравуваат

Орце Костов

Стоп за возилата со руски таблички во Финска

Пет Кинези илегално влегле во Македонија –добија парична казна, депортација и забрана за влез

Анита Петровска Рајковиќ