Река прв поднесе кандидатура, до утре на полноќ и Пендаровски и Силјановска

Од:

Најдоцна до четврток до полноќ треба кандидатите за претседател на државата да ги достават кандидатурите до Државната изборна комисија (ДИК). За официјализирање на претседателската кандидатура потребно е кандидатите да достават 10.000 граѓански или 30 пратенички потписи.

Кандидатурата со собраните потписи вчера ја поднесе Блерим Река, кандидат од албанската опозиција, а до крајниот рок се очекува тоа да го сторат и Стево Пендаровски, кандидат на СДСМ и коалицијата и Гордана Слијановска-Давкова, кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.

Државната изборна комисија треба во рок од 48 часа од доставувањето, да ја потврди кандидатурата, а доколку има неправилности, истата се враќа, по што во рок од 48 часа треба да бидат отстранети неправилностите.

Кампањата за претседател на државата почнува на 1 април и ќе трае до 19 април по што следува изборниот молк. Првиот изборен круг за шестите претседателски избори е закажан за 21 април, а вториот ќе се одржи на 5 мај. По кој реден број ќе се најдат кандидатите, ДИК ќе утврди на 25 март со ждрепка.

Втор круг на гласање ќе има доколку ниту еден кандидат за претседател не го добил потребното мнозинство гласови и тогаш гласачите ќе бираат помеѓу двајцата кои освоиле најмногу гласови. Кампањата за втор круг завршува во 24:00 часот на 03 мај, а гласањето се одржува на 5 мај. Победник на изборите е еден од двајцата кандидати кој во вториот круг освоил повеќе гласови, но под услов да биде остварен цензусот односно доколку гласале повеќе од 40 отсто од запишаните избирачи. Доколку и во вториот круг на гласање ниту еден од кандидатите за претседател не го добил потребното мнозинство гласови, се повторува целата изборна постапка.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он