Река: Албанија не ви се меша, туку се грижи за Албанците во Македонија

Од:

Албанија има уставна обврска да се грижи за сите наши сонародници кои живеат надвор од територијата на земјата. Не се работи за мешање во внатрешните работи на Македонија, туку за консултации со политичките лидери на Албанците од Македонија, вели албанскиот амбасадор, Фатос Река, во неделното интервју на Радио Слободна Европа.

За собирот на лидерите на албанските партии од Македонија во Тирана со Еди Рама, на поканата на албанскиот премиер, тој вели дека тоа не претставува никакво мешање во внатрешните работи на Македонија, поради фактот што албанските политички партии од Македонија, по предвремените избори од 11 декември од минатата година го имаат резултатот кој веќе се знае.

– Несомнено албанските политички партии во овој случај имаат една предност во однос на појавување на можниот сојузник во составување на владата, на нивните барања, чиј еден дел, проследено од Охридскиот договор, останале сè уште нереализирани. Владата и албанската држава имаат уставна обврска да се грижат за сите наши сонародници кои живеат надвор од територијата на Албанија и во ова прилика албанските политички партии отишле да се консултираат во Тирана, исто и во Приштина, со претседателот Тачи. Како што нагласил и премиерот Рама, за Албанците, за Албанците во Македонија, не се толку битни фотелјите на власта, значи за учество во владата, за заштитата на сите права на Албанците во согласност со Уставот на Република Македонија и на Рамковниот охридски договор – вели Река.

Тој нагласува дека платформата на политичките партии на Албанците е составена од нив самите и за Република Албанија не е важно кој ќе биде во влада и како ќе се формираат коалициите; таа е една внатрешна работа на политичките партии од Македонија, било да се од албанскиот етникум, или од македонскиот етникум.

– Важно за Република Албанија е населението од албанскиот етникум, кое живее во своите простори во Македонија, да ги има неговите максимални права, за да живее рамноправно со другите етникуми, вклучувајќи го и македонскиот. Република Албанија во никој случај не покажала ниедно патерналистичко чувство кон Албанците кои живеат во нивните територии во Македонија, во Црна Гора, или каде било. Напротив, тоа едноставно беа консултации просто за унифицирање на албанскиот фактор, кој досега делуваше врз база на нивните проекции во партиите и ова е еден многу добар знак за прв пат во овој случај, ситуацијата да се доведе до тоа албанските политички партии да се состанат заедно и да ги унифицираат нивните ставови во однос на правата и обврските кои ги имаат како државјани на Република Македонија – вели Река во интервји за РСЕ.

Фото: Макфакс

Би можело да ве интересира

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов

Зетот на Трамп објави фотографии од луксузни архитектонски проекти за Србија и Албанија