РЕК Битола: Се сомневаме дека зад последните настапи на ВМРО-ДПМНЕ стои незадоволната фирми која ги изгуби работните ангажмани во Комбинатот

Од:

„Договорот меѓу РЕК Битола и фирмата Рубитон која ископуваше јаловина (земја) во рудникот Суводол за откривање на јагленот, е раскинат од страна на РЕК Битола на 7.11.2018 од причини што Рубитон не го вршеше ископот со динамика и количини предвидени во договорот, за што постојат записници и други релевантни документи од рудникот и од стручните служби на РЕК Битола.

За да се заштити комбинатот и да се обезбеди навремена откривка на јагленот за грејната сезона која беше во тек, пристапено е кон раскинување на договорот, и повикување на четири други економски оператори, односни фирми да достават итни понуди за продолжување на ископот. Повикани се Гранит, Машинокоп, ГП Пелистер и СВ Инвест. На повикот се одзваа Гранит и СВ инвест, кои во целост ги исполнуваат законски предвидените критериуми за оваа јавна набавка. Спроведено е непосредно наддавање меѓу пријавените оператори, при што најниска цена понуди СВ Инвест, односно постигната е истата цена по која се вршеше ископот и дотогаш, од страна на фирмата на која и беше раскинат договорот поради неисполнување на обврските. На 18.12. 2019 СВ Инвест го продолжи ископот кој претходно беше запрен.

Сакаме да искажеме сомнеж дека зад последните настапи на опозициската партија, во кои го прозива РЕК Битола, стои токму незадоволната фирми која ги изгуби работните ангажмани во Комбинатот, од каде во изминатите години наплаќаше големи финансиски суми, а која е тесно поврзанa, и роднински и политички, со претходните раководни структури во РЕК Битола и со тогашната владејачка структура“, се вели во реакцијата на РЕК Битола на денешната прес конференција на ВМРО – ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ

ВМРО-ДПМНЕ предлага дополнителни пет години за легализација на дивоградбите

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Подзаконскиот акт за канабис во колизија со законот, власта на СДСМ го донела спорниот правилник

ВИДЕО: Кампањата против СЈО е операција за враќање на Груевски, вели Кузеска

Катерина Ѓуровски