Левица: Нов скандал во ЕСМ – фирма од Косово осудена за криминал со токсичен мазут ќе го снабдува РЕК Битола

Од:

Додека граѓаните плаќаат се повисоки сметки за струја и државната ЕСМ тоне во долгови, скандалозното менаџирање со ова енергетско претпријатие под раководство на Лазо Узунчев продолжува. Најновиот тендер на ЕСМ за увоз на јаглен – во вредност од 7 милиони евра – го доби контроверзна фирма од Косово со криминално минато. Имено, директорот на ЕСМ, Лазо Узунчев, склучи договор за јавна набавка со компанијата „ХИБ Петрол Груп”, чиј сопственик во 2014 година бил правосилно осуден на четири години затвор и парична казна, затоа што испорачувал мазут со околу 80% повисоко ниво на сулфур од дозволеното, што е енормно штетно за здравјето на луѓето и животната средина, велат од Левица.

– Компанија која е осудена за тешки дела против здравјето на луѓето (со продажба на токсичен мазут) сега ќе треба да обезбеди 150.000 тони јаглен за РЕК Битола! Делењето тендери на фирми со криминално минато стана пракса откако ЕСМ е раководено од директорот Лазо Узунчев, кој без никаква експертиза и искуство во енергетскиот сектор беше поставен да го води ова значајно државно претпријатие – само заради личните односи со Мицкоски. Левица и претходно алармираше дека ЕСМ дели тендери на фирми кои се под истрага за криминал, како што беше договорот за јавна набавка со компанијата „Руд Коп”, која е под истрага за криминал од 3 милиони евра.

Ваквото расипничко менаџирање го зголемува долгот на ЕСМ, од што најмногу зависи цената на струјата која ја плаќаат домаќинствата и малите потрошувачи – а резултатот е македонските граѓани да плаќаат најскапи сметки за струја во регионот. Додека поранешниот директор на ЕСМ – Васко Ковачевски е во бегство токму поради криминални зделки при набавки на мазут, криминалот во ЕСМ продолжува и со кадрите поставени од Мицкоски. Левица апелира финансиската полиција сериозно да ги истражи договорите за јавни набавки и финансиските резултати кои ги остварува ова државно претпријатие кое тоне во долгови, додека дели тендери на компании осудени за криминал, тврдат од партијата.

Би можело да ве интересира

Мециновиќ: СДСМ покажа дека нема намера да се бори против власта и кохабитира со ДПМНЕ – Левица разговара со сите опозициски чинители

Предраг Петровиќ

Левица ќе присуствува на трибината на Платформата „12:05“ – со своја позиција во разговорот за следната политичка фаза

Предраг Петровиќ

Крмов: Најавуваме радикализација доколку не се исправи неправдата – почнуваме со иницијатива за укинување на платеното политичко рекламирање

Катерина Ѓуровски

Левица: Уставниот суд ја аминува политичката цензура – не поведе постапка за еклатантната дискриминација врз нашата партија

Левица: Пред Орце да зборува за туѓи семејства, нека се потсети дека неговото презиме има дебела и мрачна политичка историја

А1он

(ВИДЕО) „Боледувањето не е куќен притвор“ – Левица со предлог-закон за заштита на работничките права