Регионалниот огранок на СОНК од Прилеп не е за генерален штрајк

Од:

Регионалниот одбор на СОНК од Прилеп денеска на прес-конференција го обзнани ставот да не учествува во штрајк што го најави Синдикатот за образование, наука и култура.

– На денешниот состанок Регионалниот одбор донесе став против одлуката на Советот на СОНК за организирање генерален штрајк, бидејќи од 34 синдикални организации на Регионалниот одбор на СОНК Прилеп, кој ги покрива Прилеп, Крушево, Долнени и Кривогаштани – сите се изјаснија против одлуката за генерален штрајк, изјави Ванчо Спиркоски, претседател на Регионалниот одбор на СОНК од Прилеп.

Според Спиркоски, ставот е донесен по изјаснувањето на секоја од 34-те синдикални организации. Тие остануваат на барањата, но да се постигнат преку дијалог.

– Нашите 1.500 членови беа запознати со барањата на СОНК. Само 220 члена беа за генерален штрајк, а мнозинството се против. Ставот е барањата на СОНК да се постигнат преку дијалог со Владата и со ресорните министерства, рече Спиркоски и додаде дека нема притисок за најавениот штрајк на СОНК.

Би можело да ве интересира

МОН: Наставата наместо во саботи ќе се надомести во работни денови

МОН не го послуша Советот на Општина Велес: Скрати македонска паралелка во гимназијата

Орце Костов

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

Советот на СОНК на вонредна седница одлучи в понеделник да протестира пред Министерството за култура

Неделков: СОНК нема да дозволи исплата на плата спротивно на Колективниот договор за култура

Катерина Ѓуровски

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов