А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

Регионална парламентарна Конференција за искористеноста на ИПА фондовите

by А1он17/09/2014 - 18:15153
Share0

Пратеничките во македонското Собрание Нора Алити и Нола Исмајлоска денеска учествуваат на Конференција на Регионалната мрежа на парламентарните комисии за економија, финансирање и европски прашања, што во организација на Вестминстер фондацијата за демократија се одржува на Јахорина, БиХ.

Добивај вести на вибер

Во рамките на Првата сесија на Конференцијата, посветена на искористеноста на ИПА фондовите во регионот, како што соопшти собраниската прес-служба, говореше пратеничката Алити, која истакна дека од исклучително значење за Република Македонија е искористувањето на европските пари во нејзиниот евроинтегративен процес, со цел за реализирање на потребните реформи.

Алити, укажа дека Македонија прави напори да се подобри искористувањето на ИПА средствата, со цел поорганизирано и поподготвено да се пристапи кон искористувањето на новата транша на европските пари во рамките на ИПА II 2014-2020.

Во таа насока се осврна и на надзорната расправа што Комисијата за европски прашања ја одржа минатата година, за степенот на искористеноста на ИПА I, како добар пример за парламентарна контрола на Владата во овој домен.

Притоа, во расправата беше истакнато дека македонскиот пример за надзор над трошењето на ИПА средствата е позитивен и дека ќе им помогне како добро искуство и практика на парламентите од регионот. Исто така, беа предложени начини за подобрување на искористувањето на средствата од ИПА II, меѓу кои, и преку поголемо вклучување на граѓанското општество.

Пратеничката Нола Исмајлоска истакна дека конференциите на КОСАП можат значително да придонесат за зајакнувањето на политиката на владите од регионот во насока на побрзо и поквалитетно исполнување на бараните критериуми за полноправно членство во Европската унија, но и за посилно настапување во самата Унија.

Притоа, како добра можност за заеднички настап и промовирање на заедничките регионални интереси во евроинтегративните процеси на државите учеснички во КОСАП ги посочи Конференциите на комисиите за европски прашања на земјите- членки на ЕУ-КОСАК, на кои како земји-кандидати учествуваат Македонија, Србија, Црна Гора, Албанија и Турција, како набљудувачи.

ipa

Би можело да ве интересира

Шахпаска: Продолжува поддршката од ИПА фондовите за реформи во областа на вработувањето и социјалните политики

Катерина Ѓуровски16/11/2020 - 15:1917/11/2020 - 08:09

Османи: Успешната апсорпција на ИПА средствата е основен двигател на европските перспективи

Ана Ололовска30/10/2019 - 13:18

Почнува со имплементација Програмата за прекугранична соработка со Србија

Ана Ололовска29/11/2018 - 21:0529/11/2018 - 21:07

Град Скопје ќе ги подобрува капацитетите за користење на европските фондови

Ана Ололовска28/05/2018 - 13:5228/05/2018 - 15:04

Фазлиу: Потребна е размена на искуства со Словенија за поуспешно спроведување на ИПА програмите

Наум Локоски28/02/2018 - 16:40

Дискусија за управување со ИПА

Ана Ололовска11/12/2017 - 08:53
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен