Регионална конференција за систематски решенија за лицата без документи од ромската заедница ќе се одржи денеска во Скопје, во организација на Мисијата на ОБСЕ, во соработка со Министерството за труд и социјална политика.
На конференција ќе бидат споделени регионалните практики за процесот на инклузија на лицата без документи од ромската заедница.
На отворањето на конференцијата, како што е најавено, ќе се обратат заменик министерот за труд и социјална политика Елми Азири, министерот за задолжен за имплементација на Националната стратегија за Ромите Самка Ибраимовски и заменик шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје Џеф Голдстајн.