Регионална дебата за зајакнување на партнерството меѓу младинските организации

Од:

Идентификување добри практики, политики и мерки за вклучување на младите како активен дел од општеството преку зајакнување на партнерството меѓу граѓанските организации и различните чинители околу процесот на програмирање, имплементација и мониторинг на Инструментот за претпристапна помош за периодот 2014 – 2020 година.

Тоа се целите на регионалната дискусија „Младински ангажман во заедницата, Скопски плански регион“ што се одржа денеска во Скопје во организација на ИПА2 Механизмот за граѓански организации.

Проектниот менаџер на ИПА механизмот за граѓанските организации Александар Колекески од „Евротинк“ рече дека во механизмот членуваат 229 членки од Македонија со различен фокус на делување.

– Целта е промоција на одредени политики од ИПА механизамот во сите плански региони во Македонија. Ова е прв настан, каде фокусот е младинската вклученост во заедницата. Затоа поведуваме дискусија на кој начин младите преку користењето на средствата од ИПА би се вратиле во заедницата преку нивно поактивно вклучување, рече Колекески.

Посочи дека крајна цел е младите да придонесат во креирањето на програмите и акциите и преку соработка да се унапреди искористеноста на европските фондови, бидејќи има средства од ИПА кои недоволно се искористуваат и се враќаат во буџетот на ЕУ.

Претставничката на Делегација на Европската унија Ирена Иванова рече дека програмата има две битни компоненти и тоа граѓанското здружување и регрантирањето.

– Вмрежувањето во одредени сфери во кои се работи е важно. Кога гласот е унифициран лобирањето е многу посилно и погласно кај националните институции и вие сте помоќен партнер кој ја обединува експертизата во одреденото поле и може на организиран и поефикасен начин да делуваат во артикулација на потребите, рече Иванова.

Претставничката на ИПА 2 механизмот за секторот на образование, вработување и социјална политика Билјана Дуковска рече дека ако во 2012 година повеќе од 73 проценти од младите воопшто не биле ангажирани во своите средини, денеска организирањето на големи младински платформи покажува дека младите знаат што сакаат и бараат механизми како да бидат слушнати во креирањето политики кои се однесуваат на локален и општествен развој.

– Иднината е ова да не остане на ниво на проекти, туку едно системско вклучување на младите од различни социјални слоеви и групи. Најважно е младите да ги почувствуваат за себе важни проектите и да учествуваат во креирањето на документите и идентификувањето на своите потреби, рече Дуковска.

Би можело да ве интересира

Шахпаска: Продолжува поддршката од ИПА фондовите за реформи во областа на вработувањето и социјалните политики

Катерина Ѓуровски

Вархеји и одобри на Србија 94 милиони евра, пренаменети од ИПА фондовите

А1он

Милевски: Со ИПА II градиме добрососедски односи преку меѓуграничната соработка со Албанија

Ана Ололовска

Османи: Успешната апсорпција на ИПА средствата е основен двигател на европските перспективи

Ана Ололовска

Со ИПА грант реновирано училиште во кумановско Черкези

Наум Локоски

Инфо сесија за новата Програма за прекугранична соработка меѓу Македонија и Србија

Наум Локоски