Реформите во правосудството да се остават на правниците

Од:

Кога политиката навлегува во правото, во правничката фела, тогаш не може да очекуваме вистински резултат. Оттука, реформите во правото и судството да се остават на правниците, за да си ја вршат својата работа како што треба, порача професор д-р Ангел Ристов, од Институтот за правно-економски истражувања и едукација „Јуридика прима“ од Скопје, кој ја организира меѓународната научна и стручна конференција „Улогата и значењето на правничката професија за владеење на правото и неговата примена во практиката“, која се одржува во Хотелот „Сириус“ во Струмица.

Додава дека правото е вештина на доброто и правичното, а правниците тоа добро знаат и умеат да го прават.

-Се надеваме дека допрва доаѓаат подобри времиња и дека ќе се подобри и законодавството и реформите и затоа сме тука. На конференцијата акцентот посебно ќе биде ставен на проблемите во примената на правото во практиката од страна на правничката фела, со цел да се лоцираат проблематичните решенија, а врз основа на размената на позитивните искуства и да се дадат предлози за нивно надминување во практиката. На конференцијата ќе се говори и за квалитетот на правничкото образование како клучен предуслов за владееење на правото и неговата правилна примена во практиката, рече професорот Ангел Ристов.

Оваа меѓународна научна и стручна конференција е прва од ваков вид во Република Северна Македонија која се организира во согласност со процесот на отворањето на пристапните преговори со Европската унија и Поглавјето 23-Правосудство и основни човекови права.

-За да имаме владење на правото треба да имаме квалитетни закони. Треба да имаме квалитетни правници, а само еден факт ќе спомнам дека во Република Северна Македонија имаме дури 24 правни факултети. Дали на една држава и се потребни 24 факултети? Правото е исто како медицината-ако имаме правник кој ќе даде погрешна дијагноза, погрешна анализа или погрешен лек во оценката на една правна состојба, тогаш нема да биде правилно применето правото. Оттука произлегува дека треба да се преземат чекори и размислувања во квалитетот на правничката професија и каков профил на правници ни е потребен во иднина за да имаме квалитетна правда, која ќе биде дистрибуирана до граѓание, смета Ристов.

Порача дека е потребна поширока расправа за да не бидат носени „бирократски закони“, без поширока јавна расправа и без да бидат прашани практичарите, бидејќи токму таквите закони создаваат проблеми во практиката и на крајот граѓаните се незадоволни.

На собирот учествуваат еминетни професори од Правниот факултет „Јустинијан Први“ од Скопје, од Бугарија, Хрватска, Србија, Црна Гора, претседателот на Врховниот суд, Јово Вангеловски и претседателите на Адвокатската и Нотарската комора, Комората на стечајни управители и извршители, Здружението на судска администрација и професори и судии од земјава и странство.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Интервју со Огненовски: Треба да имаме доживотни и смртни казни за сите што ја пљачкаат Македонија, да се конфискува се што е нелегално стекнато од 1991 година наваму

Правосудството во 2023 – од одложена, до застарена правда

Горан Наумовски

Усвоена Развојната секторска стратегија за правосудството 2024 – 2028 година

А1он

Оценската мисија за Судскиот совет неделава завршува со мониторингот

А1он

Ковачевски за кривичниот законик: Казните се од комунистичко време, ги направил Дарт Вејдер, намалувањето е во согласност со ЕУ

Орце Костов

Лидерите на Северна Македонија мора да го ограничат политичкото мешање во судството, вели Стејт департментот

Предраг Петровиќ