Редот на нештата

Од:

Опозицијата погреши кога мислеше дека парламентарните избори 2011 се последните на кои ВМРО-ДПМНЕ победува и дека од тогаш па во иднина ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во константен пад.

Лоша проценка направи опозицијата кон можностите и ресурсите на позицијата и со крајно катастрофални стратегии по односите во партијата после оваа проценка.

Локалните избори во 2013 се само епилог на грешките правени на опозицијата од денот на завршувањето на парламентарните избори во 2011.

Локалните избори за ВМРО-ДПМНЕ почнаа на денот на завршувањето на парламентарните избори 2011 , а опозицијата разочарано, стратегиите ги замрзна до следните избори 2015.

Како да не им беа потребни Локалните избори и нивниот резултат.Место да нагазат на денот на завршувањето на парламентарните 2011 ,нагазија после 1 година со работното лето и сеуште ги немаат резултатите во своја корист од 24 декември 2012.

Политичката пресметка на 24 декември, лесно позицијата успеа да ја претвори не во судир со опозицијата туку да ја натовари на грбот на целата држава и тоа меѓународно верификувано.

Успехот на позицијата на овие избори се сведува на –платено/ветено/остварени и притисок.

Еден добар микс но не би се сложил со проектот Гласачите од Пустец.Видливо во паника и без точни математики и предвидлив резултат влегле во овој проект кој им донесе помеѓу 13800-18000 гласови.Ќе биде долго непознаница ефектот на овој проект и придонесот на изборите од ова.Верувам дека неколку општини добија во своја корист со овој проект, но дека крајниот резултатот нешто многу зависеше од ова, несум баш сигурен.

Разликата е едноставно преголема.Најдобрите аналитичари предвидуваа пораз на опозицијата со 45-60.000 гласови.Овој резултат е неочекуван.Но скраја да е да опозицијата може да го обвини народот дека тој бил нешто заблуден или виновен или потплатен.

Народот доби понуда и ја прифати, тоа е негово право.Во периодот кол следува треба да се доближат до народот.Опозицијата неможе да биде група сама за себе.Овде зборуваме за избори и само за демократиски избори.Крајната цел на политиката се изборите , а политиката има таргет цел , корисниците на тие политики.

Доколку опозицијата го обвини народот , тие ќе се претворат во елитистичка мала партија на која ќе им треба голем коалиционен партнер.

Како прво , за овие локални избори непостоеше нити еден негативен дериват за анализа , зошто тоа власта не би ги добила. Ова е најважно во овие избори.

Проблемите настануваат кога при ваков лош резултат на опозицијата и тоа на локални избори тие ќе почнат да се пукаат по шавови од долу према горе.Пораз на парламентарни избори неможе да нанесе големи удари по опозицијата но ваков пораз на локални избори и тоа како ќе донесе многу нешта во опозицијата.Овие избори се наголем пораз на опозицијата во овие 2 децении. Далеку поголем од тој 2009.Стратегиски гледано тогаш го немаше ни Скопје 2014 пак нити толку добар материјал за критики кон позицијата.

Водење на Телетабис политика во ваква ситуација на опозицијата со позитивна кампања е смешно.

Кога власта излегува со 11.000 проекти позитивна кампања ,а црниот ПР им е секојдневие , со ресурсите и парите кои ги имаат, да излезеш со ваква стратегија е само незнаење и терцирање со власта.

Да се качиш на нивната вагон композиција со нивна локомотива и да сметаш дека на целта ќе стасаш пред локомотивата. Е за тоа треба огромна хаварија на пругата , а за жал сега ја немаше.

Сега опозицијата треба да направи итни реформи во секој дел без пардон и емоции.

Борбата за одржување на позиции таму ќе и нанесе дополнителна штета. Штетата би била толку голема да опозицијата без огромни резови , стратегиски и лидерски, доколку би имало парламентари избори , скоро , само би придонеле ВМРО-ДПМНЕ да владеат уште многу години.

Не е време за реакционерни политики туку безрезервно отворање на партијата.Суетите несмеат да бидат во игра пред проблемите кои следат и тие суети можат да нанесат тежок удар и внатре во опозицијата и на земјата.

СДСМ е веќе 3 политичка сила во Македонија ,не е ни прва па ниту втора.Тие првите две места се за ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ. Е , до овде сега е сложена ситуацијата.

Веќе е јасно дека одговорноста на опозицијата за вледеењето на оваа власт е на прво место.

Опозицијата служи за да ја турне позицијата од власт .Целите на политичките партии се тие и се формулирани одамна во плуралните општества.Друга формулација нема.

Народот треба да го препознае оној што ќе ги води.

И на крајот кој треба да е лидер на СДСМ.

Ќе се послужам со една реченица на стариот Папандреу – “Не е битно дали лидерот е добар или лош за партиските членови , битно е него да го сакаат неопределените и народот.Работата се добива на избори , а не во партиските кругови”.

Ред е Црвенковски да направи сам добра математика .Ред е, ако математиката не е добра на есен да се формира 3 опција.Ред е, ако математиката е добра да се подржи СДСМ но малку поразлично од досега.

Да,таргетот на опозицијата е ВМРО-ДПМНЕ , но сакаме да видиме кои точно ќе го заменат доколку падне и што точно ќе прават.Ајде дајте понуда.Ќе ве потпричекаме.

Даме Чкатровски

Би можело да ве интересира

Реален здравствен систем, а не експлодирана ракета на годината-петарда

Ана Ололовска

Погледот на Балканот кон Брисел, а намигнувањето кон Москва не е добра можност

Наум Локоски

Блажески: Солза, лажеш, ти никогаш не би се качила на гајби и буриња, освен ако не мислиш дека тие се мостот до удобна фотеља

Ана Ололовска

Македонските политичари да не се прават Англичани пред Тереза Меј

Ана Ололовска

Врне во душите на македонскиот народ, ама здравството нема да потоне

Ана Ололовска

Азески, време е да се пензионираш, заедно со својот дијалект!

Ана Ололовска