Реџепи: Екстрадицијата на Демири и Исмаиловиќ е во рацете на министрите за правда

Од:

Косовското Министерство за внатрешни работи ги заврши обврските за Алил Демири и Африм Исмаиловиќ, кои се уапсени на Косово, а во Македонија се осомничени во случајот „Монструм“. Останува министрите за правда да ја довршат работата со нивната екстрадиција.

Ова го изјави денеска косовскиот министер за внатрешни работи Бајрам Реџепи одговарајќи на новинарско прашање по потпишувањето на меѓувладината Спогодба за отворање на новиот граничен премин меѓу Македонија и Косово „Белановце-Станчиќ“, на граничниот премин Глобочица, во близина на Јажинце.

– Ќе се придржуваме кон добрата сорботка помеѓу двете држави. Ние сорабтуваме и во областа на борбата и спречување на организираниот криминал. Како Министерство за внатрешни работи ги завршивме нашите обврски и останува министрите за правда да ја завршат работата со екстрадицијата и јас не можам да зборувам во нивно име, рече Реџепи.

Македонскиот министер за правда Блерим Беџети на 13-ти овој месец изјави дека Министерството за правда нема правна регулатива за да преземе какви било дејствија за побрза екстрадиција на двајцата првообвинети во случајот „Монструм“ Алил Демири и Африм Исмаиловиќ.

Во врска со сомнежите дека некој ги штити убијците искажани од родителите на убиените момчиња и нивното барање одговор зошто се одолговлекува екстрадицијата, министерот за правда замоли да не се приоѓа со шпекулации на, како што рече, ваков чувствителен случај.

– Прв пат слушам за вакви сомнежи и апелирам за ваков чувствителен случај сите да придонесеме и да нема простор за разни шпекулации, рече Беџети и додаде дека Судот е местото каде се разгледува случајот.

Во скопскиот Кривичен суд се води судскиот процес во кој на Демири и Исмаиловиќ им се суди во отсуство за петкратното убиство кај Смиљковското Езеро што се случи лани на 12-ти април. Во овој судски процес обвинети за тероризам и помагање тероризам се Агим Исмаиловиќ, Сејди Рами, Фејзи Азири и Хаки Азири.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

Азири: Службите за лични и финансиски придобивки го организира случајот „Монструм”

А1он

Курти не одговори дали и кога Косово ќе ги испорача Исмаиловиќ и Демири, осудените во „Монструм“

Рустеми се согласил да им се намалат казните на осудените за насилствата на протестите за „Монструм“

Кристијан Ландов

Заев очекува Косово да постапи според меѓународното право и да го испорача Африм Исмаиловиќ

Жарко Настоски