Ребаланс на буџетот на Кочани заради исплата на тужбени барања во градинката

Од:

Советот на Општина Кочани, на својата редовна осма седница изгласа измена на распоредот на средствата од Буџетот за 2018 година.

– Со оваа измена намалуваме средства на две потставки до 20 отсто, колку што е и законската рамка, а зголемуваме една ставка во висина од 665 илјади денари поради достасани судски решенија за исплата во детската градинка, образложи Дејан Рашков, раководител на Секторот за финансии во Општина Кочани.

Според директорката на градинката „Павлина Велјанова“ – Кочани, оваа институција се соочува со проблеми произлезени од тужбени барања на петмина воспитувачки против решенија за распоред на работно место и за исплата на долг за разлика во плата од работно место негувател на работно место воспитувач за период од три години.

Досега градинката во Кочани исплати над 580 илјади денари по основ на судски решенија со извршување, а треба да исплати уште толку за основен долг и камата што секојдневно расте.

Членовите на Советот реагираа за ултимативното, и како што рекоа неетичко однесување на дел од вработните во градинката, кои го доведуваат во прашање нормалното функционирање на оваа воспитна институција во Кочани.

Би можело да ве интересира

42-годишен маж од Кочани загина во сообраќајка

Горан Наумовски

Се презентираа видеа и слики поврзани со клубот „Пулс“ од критичната ноќ и претходно

Предраг Петровиќ

Во сообраќајка загина маж од Кочани, повредени се уште две лица

Крадец се заглави на оградата од црквата во Кочани, мораше да интервенираат полицијата, пожарникари и итната помош

(ВИДЕО) „Ден на сеќавање – 16 март 2025“: Почит за жртвите и нивните недоживеани соништа

Мицкоски од Кочани: Споменот за жртвите од пожарот ќе живее вечно