Реакција од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Тунтев во Охрид

Од:

СДСМ продолжува да ги повторува истите монтирани, креирани и прилепувани материјали добиени по нелегален пат, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ на денешната прес-конференција на Томислав Тунтев во Охрид.

– Соочени со доказите и признанијата за криминалите во кои е заплеткан нивниот лидер Зоран Заев, СДСМ се поочајно се обидуваат нивните лаги и манипулации да ги прикажат како вистина, се вели во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

Во реакцијата од ВМРО-ДПМНЕ се потенцира дека СДСМ се обидува со креираните и манипулативни материјали, како што стои, да се испере за криминалното  владеење на нивниот поранешен градоначалник Аце Петрески и раководството на СДСМ во Охрид.

– Граѓаните паметат дека токму СДСМ и Петревски во Охрид владееа криминално, со поткупи и притисоци врз граѓаните. СДСМ и Петревски во своите криминали во Охрид толку се заборавија, па ја оставија општината во долгови од над 50 милиони евра и со тоа ја претворија во најзадолжена општина во овој дел од Европа. Зарем ваквите манипулативни прес конференции ќе им помогнат на СДСМ за да се извадат за урбанистичкиот хаос  и урбанистичката мафија која ја создадоа во Охрид, се вели меѓу другото во реакцијата.

Во Охрид победата на ВМРО-ДПМНЕ, се потсетува во реакцијата, беше изразена во околу 8 илјади гласови разлика, односно со скоро дупла разлика.

– Граѓаните на Охрид како и сите во Македонија се мудри и знаеле да дадат поддршка на политиките на ВМРО-ДПМНЕ за  проектите кои значат подобар Охрид, подобар туризам, нови инвестиции и повеќе работни места. Граѓаните знаеле да ги казнат погрешните и деструктивни политики на СДСМ. Тоа го направија во 2013 година, тоа ќе го направат и следниот пат, стои во реакцијата од ВМРО – ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Каде се анкетите на Венко што рече дека ќе ги обзнани во јавноста уште пред две недели?

СДСМ: Следуваат нови поскапувања додека Мицкоски ги одбива сите мерки за поголеми плати и помош на граѓаните

МОН со жесток одговор до СДСМ за „Стив Наумов“: „Четири ваши министри не успеаја да сврзат две цигли“

СДСМ: Одлука на Уставниот суд за Резолуцијата веднаш по најавите на Мицкоски и Николовски за носење „економски работници“

Уставниот суд ја отфрли иницијативата на СДСМ за Резолуцијата за миграцијата

Жерновски: Истрага за Гренел во САД – од Вашингтонскиот периметар не остана ниту милиметар