Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на Атанаско Тунески

Од:

Атанаско Тунески, кој е главен експерт за енергетика во СДСМ му се случи пад на системот во времето кога беше директор на МЕПСО, и за што беше експресно разрешен. Токму тој ја остави Македонија без струја, а енергетскиот систем колабираше, за сега без срам да наоѓа маани на други на кои ни приближно нешто им се има случено, стои во писмената реакција на ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција на Атанаско Тунески од СДСМ во која наведуваат дека до кое дереџе е дојден СДСМ говори фактот што тој им е главниот екпсерт за енергетика.

ВМРО-ДПМНЕ во реакцијата додава дека како што вели народот дај му на човек власт да видиш колку вреди. – Тунески, стои во реакцијата, беше на власт и беше директор, а му се случи целосен колапс. После разрешувањето Атанаско Тунески прошета неколку партии, за да се скраси во СДСМ, бидејќи му прилегаат на неговата способност.

Според ВМРО-ДПМНЕ, кога веќе цела јавност знае каков експерт е, нека им е Господ на помош на СДСМ кога тој им ја води енергетската политика.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина