А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
InstagramTelegram
А1он
Од: А1он
Македонија

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на Томислав Тунтев

by А1он04/07/2016 - 16:32103
Share0

Бидејќи членовите на СДСМ патат од колективна амнезија, да ги потсетиме дека најголемата инвестиција во инфраструктурата додека владееја беа неколку шини кои ги нарекуваа „пруга кон Бугарија”, кои ги чинеа граѓаните стотици милиони евра, се наведува во рекацијата од ВМРО-ДПМНЕ на денешната прес-конференција на пратеникот на СДСМ Томислав Тунтев.

Следете a1on на Instagram Instagram

– Да ги потсетиме СДСМ дека во нивно време во ставката „капитални инвестиции во здравство” стоеше една голема нула. За субвенции во земјоделието исто така имаше голема нула.

Капиталните инвестиции во инфраструктурата и образованието беа четири пати помали во нивно време. Да потсетиме и дека денеска, после десет години, македонските граѓани плаќаат 40 кредити кои се останати од времето на СДСМ, стои во реакцијата.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека нивната работа е видлива, во буџетот се предвидени средства и за патишта и дополнителни за Демир Капија – Смоквица, за гасификација, за училишта, за клиниките во Скопје и Штип, за болниците во Кичево и Тетово, за реконструкција на јавни здравствени установи.

Следете a1on на Youtube YouTube

– Тоа се конкретни проекти, кои конкретно ќе придонесат за подобрување на животот на граѓаните во Република Македонија, а не празни изјави од партиска говорница, се вели во реакцијата.

dpmne

Би можело да ве интересира

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски19/10/2026 - 10:5019/10/2026 - 11:43

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски09/10/2026 - 14:41

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Катерина Ѓуровски30/09/2026 - 14:31

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Катерина Ѓуровски27/09/2026 - 12:04

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Катерина Ѓуровски14/09/2026 - 12:36

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Катерина Ѓуровски29/08/2026 - 12:08
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
InstagramTelegram
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео