Реакција на Советот за етика во медиумите за прислушувањето новинари

Од:

Советот за етика во медиумите на Македонија изразува сериозна загриженост по сознанието за прислушувањето новинари, сметајќи дека со тоа се нанесува голема штета и последици врз работата и угледот на новинарите и врз работењето на медиумите воопшто.

Прислушувањето на новинарите, стои во соопштението од Советот за етика во медиумите, сериозно ја прекршува слободата во изразувањето и во такви услови не може да стане збор за етика во информирањето на јавноста. Ова, се подвлекува, е целосно недозволиво во едно слободно и демократско општество.

– Новинарите имаат право да добиваат и објавуваат информации, а истовремено да изнесуваат критички ставови. Тие имаат право на свое мислење и убедување, како и на негово искажување преку средствата за јавно информирање. Во својата работа новинарите не смеат да бидат изложени на притисоци и да бидат принудени да дејствуваат спротивно на своите размислувања или убедувања, се вели во соопштението.

Советот смета дека новинарството како професија има голема улога во заштитата на демократските вредности, а во работата на новинарите е неопходно да се создадат сите услови за информирање на јавноста на чесен, непристрасен и сеопфатен начин.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството молчи за шпионскиот софтвер Предатор, Ковачевски дал наредба за масовно прислушкување

Предраг Петровиќ

Мицотакис за прислушувањето на Андрулакис: Погрешно беше, не требаше да се случи

А1он

Хаџигенов: Во Бугарија прислушувани се новинари, политичари и обвинител

Во Италија државата прислушувала новинари кои ја истражувале миграцијата

Жарко Настоски

Српската полиција собрала докази дека Вучиќ бил нелегално прислушуван

Жарко Настоски

(ВИДЕО) Ел Чека: Имаме план доколку ми се случи нешто, има други луѓе кои ќе ги објават „бомбите“

Ана Ололовска