(ВИДЕО) Ел Чека: Имаме план доколку ми се случи нешто, има други луѓе кои ќе ги објават „бомбите“

Од:

Во видео обраќање преку социјалните мрежи, лицето потпишано како „Ел Чека“ вели дека доколку биде затворен или пак нешто му се случи има уште илјадници луѓе кои би продолжиле со објавувањето на „бомбите“ се додека не се покрене меѓународна истрага за настаните во Диво Насеље од 2015 година.

-Имаме план во случај да ме затворат или да ми се случи нешто, има илјадници други како мене што ќе ги објават бомбите. Доколку ме екстрадираат во Македонија да ви кажам право не ми е страв и сум одлучен за оваа работи и подготвен сум да направам се за тие луѓе што се во затворите во Македонија, вели Ел Чека.

Тој вели дека поседува голем број на разговори и дека истите ги добил од обвинетите за Диво Насеље, Сами Укшини познат како Командант Соколи, Ваљон Зека и Шек Халачи кои моментално се наоѓаат во затвор.

-Материјалите ми се од Сами Укшини (командант Соколи), Ваљон Зека и Шек Халачи кои се во затворите на Македонија. Доколку мене ми се случи нешто, одговорноста ќе биде нивна. Чекавме 4 години за да има правда, за да интервенира меѓународната заедница во врска со овој случај, но еве тоа уште не се случило. Поседуваме многу видеа и нема да престанеме се дури нема истрага од меѓународната заедница. Кога странците ќе интервернираат сите прислушувани материјали ќе им бидат дадени, вели Ел Чека.

Објавувачот тврди дека има толку голем број на аудио материјали што се уште не се обработени сите, но засега не може да даде повеќе информации. Тој повтори дека разговорите ги објавува по наредба на обвинетите од Диво Насеље и дека сите Албанци се должни да ја знаат вистината.

Ел Чека веќе неколку дена по ред, на секој половина час објавува по еден разговор. Досега во разговорите, како што вели тој, највеќе се слушаат гласовите на Али Ахмети, Муса Џафери, Гордана Јанкулоска и Блерим Беџети.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

САД: Евакуација по добиени дојави за поставени бомби

Неколку училишта и некои институции во Белград утринава добија дојави за поставени бомби

Дојави за бомби во неколку белградски училишта

Во Франција: Шест аеродроми се евакуираат истовремено поради закани за бомби

Фрлени се три бомби врз три српски куќи на Косово

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Обвинителството молчи за шпионскиот софтвер Предатор, Ковачевски дал наредба за масовно прислушкување

Предраг Петровиќ