Реакција на ОК на ВМРО-ДПМНЕ по прес-конференцијата на Манчевски

Од:

Во реакција на денешната изјава на потпретседателот на СДСМ Дамјан Манчевски дека Струга е заборавена од власта и оти во таа општина не се инвестира доволно, од ОК на ВМРО-ДПМНЕ наведуваат дека со Законот за децентралзиација што го донеле СДСМ во 2004 година бил направен „невиден политички пазар и со кој им биле дадени огромни овластувања на општините“.

– И покрај сето ова, ВМРО-ДПМНЕ со измена на Законот за градење изнајде начин, централната власт да може да релизира проекти во сите општини, се наведува во пишаната изјава од претседателот на ОК на ВМРО-ДПМН„ Перо Петковски.

Во Струга, стои во реакцијата, се направија повеќе проекти:ТИРЗ – каде ОДВ Електрик веќе изгради фабрика, Туристичката развојна зона кај село Калишта, Јужна трибина на ракометното игралиште, водоводи во селата Луково и Нерези, канализација во село Мороишта. Наведени се и активности за обнова на патишта, училишни згради, изградба на игралишта, а се потенцира и дека е во тек изградба на автопатот Охрид-Кичево со крак село Требеништа – Струга.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

ВМРО-ДПМНЕ: Редно е Филипче да се прибере од одморот со Заев на јахта во Грција, предолгата изложеност на сонце му предизвика сончаница и очигледна дезориентираност