Реакција на Македонците од Албанија: Софија се обидува вештачки да прикаже Бугари во Голо Брдо

Од:

Единствената партија на Македонците во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) реагираше во врска со, како што наведе, „последното однесување на бугарската Амбасада во Тирана, со цел вештачко прикажување на Бугари во областа Голо Брдо“.

– Партијата Македонска алијанса за европска интеграција, го осудува однесувањето на бугарската Амбасада во Тирана, која во пресрет на новогодишните празници им дели подароци за пропагандни цели на учениците од гимназијата „Елез Кочи“ во Острени и училиштето „10 покојници” во Требиште, во областа Голо Брдо, претставувајќи ги како бугарски ученици, се наведува во партиската реакција.

МАЕИ додава дека во областа Голо Брдо немало и нема бугарско малцинство, туку со векови тука живеат само Македонци, кои се горди на тоа.

– Трајно се врежани во меморијата на жителите на Голо Брдо, бугарските злосторства за време на окупацијата на областа на Голо Брдо од страна на Бугарија во Првата светска војна. Елез Кочи, чие име денес го носи средното училиште во Острени, бил убиен во 1916 година од страна на бугарската војска, која жив го закопала кај реката во селото Врница во Голо Брдо, се наведува во реакцијата.

Жителите на областа Голо Брдо, се потенцира во партиската реакција, очекуваат официјално извинување од Бугарија за злосторствата извршени за време на Првата светска војна.

– Однесувањето на бугарската Амбасада во Тирана, која ја користи сиромаштијата во областите каде што живее македонската заедница во Албанија, прикажувајќи ја како бугарска заедница, е примитивна перверзија и историско искривување на вистината, констатира МАЕИ во реакцијата.

Би можело да ве интересира

МД „Илинден”: Македонците во областа Голо Брдо, со денови се без струја

Желјасков: Веруваме дека ќе ги донесете уставните измени и уште оваа година ќе се радуваме на почетокот на преговорите со ЕУ

Состанок на експертските работни групи на МНР на Македонија и на Бугарија

Во пресрет на пописот во Албанија: Јотова ќе се сретне со Бугари во Голо Брдо кое е населено само од Македонци

Орце Костов

Гир: Не треба да се очекуваат нови договори, македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка

Ана Ололовска

(ВИДЕО) „300.000 Македонци не се во вашиот Устав, во 21 век не признавате народ“: Лекција од историчарот Светозаревиќ за бугарски новинари во Пустец

Орце Костов