„Со оглед дека во дел од медиумите се пројавија неточни толкувања на изјавата на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, дадена по повод новинарско прашање поврзано со определувањето на притвор на еден од осомничените лица во случајот “Труст”, го појаснуваме следното:
За фактот дека е донесена одлука по жалбата на ова Јавно обвинителство и дека е изречена мерка притвор против осомничено лице во случајот „Труст” дознавме од медиумите. Во насока на проверка на информациите дали навистина е донесена судска одлука ја контактиравме судијата која претседаваше со Кривичниот совет и која не извести единствено дека е донесена одлука по жалбата и дека одлуката ќе ни биде дополнително доставена“, се вели во соопштението на Специјалното јавно обвинителство.