Реакција на Кабинетот на претседателот на прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ

Од:

Кабинетот на Претседателот на Република Македонија остро реагира на наводите изнесени на денешната прес-конференција на политичката партија ВМРО-ДПМНЕ, на која се инсинуира наводна поврзаност на претседателот Стево Пендаровски со лица вмешани во случајот „Планина“ се вели во соопштение испратено од Кабинетот.

„Претседателот Пендаровски, за време на изборната кампања на претседателските избори во 2019 година посети населени места на целата територија на државата, при што се фотографираше со сите граѓани што тоа ќе го побараа од него. Претседателот Пендаровски лично не се познава со лицата од посочената фотографија. Како што може да се види, претседателот не е седнат во друштво на посочените лица, туку е фотографиран стоејќи, на нивно барање. Поради тоа, Кабинетот на Претседателот отфрла било каква поврзаност на претседателот Пендаровски со лицата вклучени во случајот“ стои во соопштението од Кабинетот на Пендаровски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на Венко Филипче шири лаги и хистерија

Горан Наумовски

Филипче го слави системот што го спаси од обвинение, велат од ВМРО-ДПМНЕ

(ВИДЕО) Лефков: Филипче во време на здравствена криза не мислел на пациентите, туку како да го наполни џебот

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче молчеше за загадената вода во Гостивар додека беше министер

Горан Наумовски

Левица: Честитки до ДПМНЕ – Македонија стана лидер во Европа и по случаи на западнонилска треска по глава на жител

Горан Наумовски

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски