Реакција на Град Скопје на соопштение на СДСМ

Од:

Градот Скопје реагира на соопштението на СДСМ, во кое се тврди дека Градот Скопје нема капацитет ниту волја за надминување на проблемите со загадениот воздух во Скопје.

„Проблемот со загаденоста на воздухот во Скопје е проблем кој е многу комплексен и за решавање на истиот се вклучени голем број на институции, вклучувајќи го и Градот Скопје.

Градот Скопје во минатото и сега делува на ова поле преку голем број на мерки, согласно законските ингеренции. Градот Скопје учествува во Меѓусекторското координативното тело за квалитет на воздух, формирано заради решавање на проблемите со загадувањето на воздухот со интерсекторски пристап, бидејќи поради комплексноста на проблемот и законските ингеренции, во решавањето на истите се вклучени голем број на државни и локални институции и претпријатија.

Во таа насока беше и расправата на денешната седница на Советот на Град Скопје, каде беше усвоена Информација за краткорочните и долгорочните мерки и активности кои ќе ги преземе Градот Скопје за справување со постојаното енормно загадување на амбиентниот воздух во градот Скопје, со посебен акцент на постојниот зимски период кога загадувањето е најкритично.

Во оваа информација беа наведени сите 45 мерки кои во континуитет ги спроведува Градот Скопје, ќе ги спроведе во идниот период, како и оние мерки кои ќе се спроведат доколку повеќе од 10 дена има поголема загаденост на воздухот од дозволената.

Во оваа информација наведени се дел од активности коишто во континуитет ги спроведува Градот Скопје, каде може да се издвојат:

  • Активно учество во меѓусекторското координативното тело за квалитет на воздух, формирано заради решавање на проблемите со загадувањето на воздухот со интерсекторски пристап;
  • Подготвување информации и иницијативи до Комитетот за здравје и животна средина, каде редовно се разгледуваат и разрешуваат проблеми од областа на животната средина, а особено од сферата на загадувањето на амбиентниот воздух;
  • Активно учество во изработка на Националната стратегија за здравје и животна средина, што се изработува преку Министерството за здравство и СЗО, а  чиј посебен сегмент и најприоритетен проблем е квалитетот на воздухот;
  • Учество во  активностите со МЖСПП, Министерството за здравство, Институтот за јавно здравје, Центарот за управување со кризи, Управата за хидрометеоролошки работи при секое надминување на граничните вредности за информирање и алармирање;
  • Зајакната инспекциска контрола на сите индустриски капацитети – потенцијални загадувачи кои работат со добиена Б интегрирана дозвола, издадена од страна на Градот Скопје;
  • Воведен е автоматизиран систем за управување на сообраќајот (ЦУКС), со кои значително е намален сообраќајниот метеж, а со тоа и загадувањето;
  • Континуирано афирмирање и надградба на проектот за изнајмување велосипеди, со набавка на нови велосипеди и поставување на нови пунктови;
  • Промоција на воспоставената апликација „Патувај зелено“ (Skopje Green route). Апликацијата овозможува добивање на информации во реално време, за застоите во сообраќајот и причините за тоа. Истовремено, се следи концентрацијата на CO2 на 4 крстосници во градот, како индикативен податок за степенот на сообраќај; и многу други.

 

Дополнително, доколку дојде до состојба каде повеќе од 10 дена има загадување на воздухот, во оваа информација покрај бројните мерките и активностите за заштита и подобрување на квалитетот на воздухот кои се применувани во изминатите години, ќе бидат проширени со активности што произлегуваат од изготвената Оперативна програма за намалување на  загадувањето на амбиентниот воздух со ПМ10, Планот за одржлив транспортен систем на Град Скопје и Акцискиот план за одржлив енергетски развој на Град Скопје, но и со активности од искуствата на други градови во Европа.

Тука како новитет е проектот за апликација на калциум – магнезиум – ацетат на сообраќајниците во градот, заради контрола и намалување на ситната прашина (ПМ10 и ПМ2,5 честичките) и за стабилизација на патиштата. Оваа метода се применува во големите светски метрополи како што се Лондон, Виена, Клагенфурт, Линц, Хелсинки, Брунек, Штудгард, Стокхолм, Гетеборг итн, чија понатамошна примена ќе зависи од првичните резултати што ќе се добијат во наредната зимска сезона. Средството е набавено и во моментов се работи на адаптација на возила на јавните претпријатија за дистрибуција на истото“, се вели во реакцијата на Град Скопје.

 

Би можело да ве интересира

Земјотрес во Скопје

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Граѓаните да излезат на 8 ми мај и да гласаат, се работи за иднината на државата

(ВИДЕО) Ковачевски: СДСМ мора да биде силна во Собранието, преголема моќ кај ДПМНЕ ќе значи и крај на нашите ЕУ перспективи

А1он

(ВИДЕО) Ковачевски: Најлесно е да се гласа против, само со глас За може да одиме напред кон просперитет

А1он

Битиќи: Први во регионот според слободата на медиумите – затоа да гласаме за бројот 1

А1он

(ВИДЕО) Стевановиќ и Маричиќ: Реформите ни носат системски промени и европски фондови

А1он