Реакција на Државен архив во врска со уништувањето документација на Антикорупциска комисија

Од:

„Во однос на објавениот текст под наслов “Антикорупциска со дозвола од Архивот уништува документација” на порталот “Нова” на ден 4.5.2016 година, Државниот архив на Република Македонија сака да го истакне следново:

Согласно член 4 став 3 од Законот за архивски материјал (Службен весник на Република Македонија бр.95/2012, 41/2014, 72/2015, 148/2015 и 169/2015) по барање на Државната Комисија за спречување на корупција, Државниот архив на Република Македонија донесе Решение за уништување на документарниот материјал за период од 2002-2014 година.

Пред донесување на Решението, стручно лице-советник за евиденција, заштита и стручен надзор на архивскиот материјал кај имателите при Државниот архив на Република Македонија изврши увид во предложениот попис на документарниот материјал за уништување и е константирано дека предложениот документарен материјал е со изминат рок на користење и во него нема архивски материјал.

Согласно Законот за архивски материјал, Државниот архив на Република Македонија е должен да постапи по барање на имателот и според Закон имателот е должен да состави Комисија која ќе констатира дека документарниот материјал кој се предлага за уништување е со поминат рок на чување според Планот на архивски знаци и листите на архивски материјал и документарен материјал со рокови на чување.

Во конкретниот случај испочитувани се сите одредби од Законот за архивски материјал.

Во интерес на правилно информирање на јавноста ве молиме во целост да ја објавите реакцијата“ се вели во реакцијата на Државниот архив на Република Македонија.

Би можело да ве интересира

Ден на архивите и на архивистите

Ана Ололовска

Договорените проекти на нашиот Архив и бугарскиот во застој поради пандемијата

Ана Ололовска

Одбележани 70 години од постоењето на Државниот архив – чувар на нашата историја, култура, јазик и традиција

Државниот архив со свои изданија ќе учествува на 32. Саем на книгата

Ана Ололовска

Одбележување на Меѓународниот ден на архивите

Ана Ололовска

Државниот архив одбележува 69 години од формирањето

Ана Ололовска