Реакција на Битиќи: Матрицата не е сменета, ВМРО – ДПМНЕ во паника шири лаги

Од:

По вчерашното изнесување на лаги од Момировски немав намера да реагирам јавно, но веќе денеска гледам дека некои медиуми оркестрирано го споделуваат истиот наслов, притоа никој од нив не побара став и од мене како засегната страна, што ми укажува дека не се заинтересирани за вистината ниту работат по принципите на новинарството се вели во реакцијата на потрпреседателот на СДСМ Фатимр Битиќи во врска со обвинувањата поврзани со неговата сопруга кои преку соопштение ги изнесе ВМРО-ДПМНЕ.

– Индикациите, како што и оној кој ги изнесе, сам ги нарекува, се лага, полни со неточни информации, очигледно водени од друга побуда. Особено поради тоа што лагите ги изнесе во време кога знае дека сум надвор од државата, што ми укажува дека сакал само неговиот мегафон да се слушне од центарот за лаги. Доколку господинот има докази за проневера на меѓународна, повторувам меѓународна организација нека ги изнесе. Во понеделник ќе поднесам барање за јавно извинување и демантирање во ист обем и време, кое доколку не се случи ќе продолжам по инстутиционалниот пат а тоа е тужба за клевета навреда и нарушување на углед на мене и моето семејство. Доколку мора, судот ќе го каже последниот став за вистината. А медиумите кои ја објавија едната страна, барам да ја објават вистината денеска, во целост како што ја кажувам. Во спротивно ќе морам да покренам соодветни постапки и за нив. Драги политички опоненти, нека не ве фаќа паника од позитивни анкетни резултати за мојот углед, па да мора да го напаѓате со лаги. Подобро за вас и за граѓаните ќе биде вие да работите на вашиот за да сте конкурентни и да се сретнеме на мегдан за сработено се вели во реакцијата од Битиќи.

Би можело да ве интересира

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му