ВМРО-ДПМНЕ: За народот криза и сиромаштија, за сопругите на Битиќи и Муслиу стотици илјади евра за проекти

Од:

Во јавноста излезе информација дека сопругите на вицепремиерот Фатмир Битиќи и директорот на Агенцијата за разузнавање Еролд Муслиу, двајца високи функционери на оваа власт, добиле фантастични 600 илјади евра за проекти преку невладин систем, за што постои сериозен сомнеж за трговија со влијание, што е еден од најтешките облици на корупција велат од ВМРО-ДПМНЕ.

– Двајцата повикани функционери молчат, молчи Владата, молчи претседателот Пендарвски, молчат надлежните институции. Веројатно продолжува принципот да се молчи секогаш кога постојат сериозни индиции за некој криминал или корупција. Власта секогаш кога е фатена во некој скандал се обидува тоа да го заташка и да го покрие со други теми. Овој скандал е сериозен, до толку повеќе што овие средства се делат во време на криза, кога граѓаните врзуваат едвај крај со крај. Наместо Битиќи да не убедува дека треба граѓаните да штедат и дека растот на цените нема ни да се почуствува, треба да излезе во јавноста и да ги објасни овие трансакции, дали и како влијаел стотици илјади евра да завршат на проект на неговата сопруга. Народот гледа дека власта си тера свои лукративни интереси и не се грижи за неговиот стандард. Двоцифрената инфлација во Македонија секој ден ги осиромашува граѓаните, се повеќе луќе остануваат без редовна плата, за година и пол се затворени скоро 12.000 компании, имаме 215 000 помалку работоспособни лица во државата, над половина милион граѓани живеат со 150 денари на ден, а некои блиските луѓе на власта добиваат стотици милиони евра за проекти или добиваат тендери и матни зделки во 4 очи се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Левица: “Транспарентност“ по вмровски рецепт – ДПМНЕ предлага да платиш за да видиш кој го добил тендерот, итно да се повлече предлог-законот

Во ВМРО-ДПМНЕ на Извршен заклучиле дека СДСМ сака да ја сруши Алта банка

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски