Реакции за учебникот по социологија: Содржината е понижувачка за етничките заедници

Од:

По реакциите за содржината на учебник по социологија за втора година на реформираното гимназиско образование во кој е наведена содржина која се однесува на наталитетот во државата и истиот е објаснет со тврдење дека „висока стапка на раѓање имаме кај Ромите, Албанците и Турците“ и дека „во врска со тоа треба да се преземат мерки и треба да се најде начин наталитетот да се доведе во нормални рамки“, Здруженија на граѓани поднесоа претставка до Народниот Правобранител и до Хелсиншкиот Комитет за Човекови права.

Тие сметаат дека во овој учебник има повеќе од една спорна содржина.

„Родителка чие дете учи Втора година гиманзиско образование, ми ја испрати наведената содржина од учебникот. Јас знаев дека тој учебник има спорни содржини во однос на жените, кога реагираа бројни здружениа. Но, мислев дека истите го прочитале целиот учебник и тоа било единственото спорно. Очигледно не било, кога ја прочитав спорната содржина се почувствува ужасно, посебно што на еден дискриминаторен и понижувачки начин се зборува за етничките заедници. Понижувањето не завршува за процесот на репродукција, туку, истиот продолжува со што репродуктивниот процес го обвинува за дестабилизација на државата и поттикнување на верска и етничка омраза. Се надевам дека учебникот ќе биде повлечен“, изјави за А1 он, Мерсиха Смаиловиќ, активистка за човекови права.

Од Министерството за образование и наука, одговорија дека пропустите кои низ години се провлекуваат во повеќе учебници и материјали, со реформите ќе бидат целосно отстранети и системски решени.

„Во рамки на планот за целосно реформирање на националниот образовен систем, еден од клучните чекори е обезбедувањето на квалитетни учебници и наставни содржини во основното и средното образование. Новиот закон за учебници и други наставни и дидактички материјали во основно и средно образование е во владина процедура и со него системски се спречува вакви содржини да се провлекуваат во учебниците“, изјавија за А1 он од МОН.

Во дел од содржината на оваа тема во учебникот исто така пишува: „Голем процент од ова население, а посебно оние што не се доволно образовани се репродуцираат на стар, традиционален начин, без свесна контрола за раѓањето. Во врска со тоа треба да се преземат мерки и треба да се најде начин наталитетот да се доведе во нормални рамки“

Исто така авторите на овој учебник пишуваат дека „кај оние етнички групи (Македонците), каде што природниот пораст на населението е низок, треба да се стимулира бидејќи пропорцијата на наталитетот присутен кај различните етнички групи негативно се одразува на политички, економски и социјален план“.

Автори на учебникот се Нелко Стојаноски, Зоран Матевски, Милева Ѓуровска.

Дел од реакциите на социјалните мрежи за оваа содржина се дека таа е навредлива, и стимулира фашистичко размислување.

Би можело да ве интересира

До крај на година ќе се учи секоја сабота: Неработните денови за учениците преку ноќ станаа работни

Орце Костов

МОН: Не укинуваме паралелка на македонски јазик во велешката гимназија

Орце Костов

Нема евиденција дали 140 денари за оброк завршиле кај студентите, МОН исплаќал пари без утврдени легла во домовите, покажа ревизијата

Орце Костов

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите

МОН: Наместо на политички игри во училиштата, општина Тетово да се фокусира на квалитетна настава

„Министерката ми се закани дека ќе ме избрка“: Советничка во МОН била вознемирувана од Шаќири и Царовска

Орце Костов