Разоткриен случај на разбојништво во Скопје

Од:

СВР-Скопје поднесе кривична пријава против 26-годишниот битолчанец Д.Н. за „разбојништво во обид“ од 19 август оваа година во стан на Д.Д. (46), на ул. „Васил Ѓоргов“ во Скопје.

Разбојништвото го извршил околу 22.15 часот со употреба на сигнален пиштол и нож. Оштетениот Д.Д го затекнал во станот Д.Н.,  кој  му се  заканил со сигнален пиштол „екол специјал 99“. Испукал двапати зашто Д.Д. не ги слушал неговите наредби. Д.Д успеал да му го отфрли пиштолот, но Д.Н извадил нож со кој му нанел четири убоди во телото и го напуштил станот без да земе нешто.

Повредениот Д.Д од станарите во зградата бил пренесен во Ургентен центар Скопје и по извршена операција бил задржан на интензивно лекување и опсервација во КАРИЛ, а оттаму бил пренесен на Клиниката за дигестивна хирургија.

Од снимка е јасно утврдено дека Д.Н во периодот меѓу 22 и 22.30 часот влегол во зградата, а подоцна трчајќи излегол. И оштетениот Д.Д. на препознавање во полициска станица потврдил дека Д.Н е сторителот.

Полицијата утврдила дека Д.Н го купил сигналниот пиштол шест дена пред разбојништвото. Не бил досега регистриран во крим-евиденцијата на СВР Скопје.

Би можело да ве интересира

Во напуштена куќа пронајден починат 49-годишен скопјанец

Ја гризел, ја влечел за коса пред двегодишната ќерка, се бара притвор за насилник од Скопје кој ја нападнал сопругата

Прегазено дете во Штип

Жена носела пиштол без дозвола на бензинска пумпа, сега е во притвор

Ана Ололовска

Куќен притвор за скопјанец што чувал пет вида дрога во изнајмен стан

Жарко Настоски

Скопјанец силувал и претепал жена во станот на неговата покојна мајка

Жарко Настоски