(ВИДЕО) Рауфи: „Бомбите“ за „Монструм“ ќе докажат дека обвинетите не го сториле убиството кај Смилковско

Од:

Насер Рауфи, бранител на обвинетите во случајот „Монструм“ по најавата на обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи, за изведување на „бомбите“ поврзани со петкратното убиство кај Смилковското езеро изјави дека преку сослушувањето на нелегално прислушуваните разговори ќе се утврди дека лицата кои се обвинети за случајот не го извршиле убиството.

-Нас како одбрана не радува што Специјалното јавно обвинителство ги најави „бомбите“, најназад дека и тие ќе бидат дел од доказната постапка. Ние како одбрана се надеваме дека тие бомби ќе ни помогнат да го докажеме тоа што и до сега го изјавуваме, дека овие обвинети не се сторителите, рече Рауфи.

Адвокатот истакна дека најверојатно и тие како одбрана ќе ги искористат нелегално прислушуваните разговори како свои докази со цел да се докаже дека обвинетите не го сториле кривичното дело.

-Најверојатно и ние ќе ги искористиме тие разговори. Имаме право „бомбите“ да бидат дел и од нашата доказна постапка. Мислам дека со преслушувањето на овие „бомби“ ќе дојдеме до вистината, а таа е дека овие обвинети не се сторителите на овој кривичен настан и сметам дека ќе дојдеме до вистинските сторители. Очигледно е дека ова е монтиран случај, тоа веќе го детектираат и досегашните „бомби“ кои ги слушаме во јавноста, рече Рауфи.

За петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, на доживотен затвор беа осудени обвинетите Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм“ го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Би можело да ве интересира

Врховниот суд донесе пресуда за случајот „Монструм“ со која жалбите на обвинетите се одбиваат како неосновани

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Судот во Стразбур ќе ја објави одлуката за поништената аболиција на Иванов

Катерина Ѓуровски

Апелација ги потврдени доживотните казни за масакрот кај Смиљковско Eзеро

(ВИДЕО) Интервју со синот на Катица Јанева: Во пералната и фонтаната ни бараа прислушкувани разговори, мајка ми има што да каже, ќе дојде ден

Кристијан Ландов

Предистрагата за високите бонуси на поранешните специјални обвинители не мрда од „мртва точка“

Кристијан Ландов